Соопштение* на Главниот штаб до реонските раководства дека востанието ќе биде прогласено на Илинден | ||||||||
Браќа, Најсетне многуочекуваниот ден за пресметка со нашиот вечен душманин дојде. Крвта на на нашите невино загинати браќа од турската тиранија вика високо за одмазда. Погазената чест на нашите мајки и сестри го сака своето возобновување! Доста е толку маки, доста е толку срам! Илјада пати подобро смрт, отколку срамен и скотски живот. Определениот ден, во
којшто народот од цела Македонија и Одринско ќе треба да излезе јавно
со оружје в рака против душманите, е 20-ти јули. Бидете упорни, браќа,
во борбата. Нашиот спас е само со упорна и долготрајна борба. Долу Турција! Долу тиранот! Смрт на душманите! Да живее народот! Да живее слободата! Ура!
*Краткото соопштение е составено на 9 јули од Сарафов и Лозанчев, и потоа заедно со прогласот беа хектографирани во с.Боишта (на 15 јули) и препратени до сите реони. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||