Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Александар Г. Чакаров

Роден е во Струга, во 1869 година. По завршувањето на образованието во Солунската егзархиска машка гимназија во Солун, работел како учител во Струга, Охрид и Гуменџе. Рано се вклучил во национално-ослободителната борба на македонскиот народ, во 1894 година.

Бил Охридски реонски раководител а за време на Илинденското востание член на Горското раководство на Охридскиот револуционерен реон.

Бил и редактор на весникот „Автономија“. До Хуриетот работи како учител во Ново Селци, Софиско, по што се враќа во Македонија.

Умира во Битола во 1910 година..

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik