Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
///////
Александар Ефтимов

Роден е во 1874 година во Битола. По завршувањето на средното образование, во учебната 1895-1896 година бил учител во селото Буф. Нешто подоцна станал раководител на Организацијата во Леринскиот револуционерен комитет. Во 1899/900 година станал раководител на Организацијата во Битола каде што и учителствувал. По една година бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет и раководител на ученичката револуционерна организација во градот. Учествувал во многу борби со турскиот аскер, пред, за време и по Илинденското востание.

Од 1908 година е член на Окружниот револуционерен комитет во Битола до апсењето во текот на 1910 година. Осуден е на смрт, но подоцна пресудата му е заменета со доживотно прогонство.

Во 1912 година, заедно со Георги Поп Христов и Васил Клисаров, побегнал и се населил во Бугарија. Во Балканската војна со своја чета учествувал во заземањето на Битола.

По Првата светска војна останал да живее во Бугарија. Во меѓусебните фракциски борби бил на страната на т.н. левица и Временото македонско претставништво. Умира 1939 година во Софија, Бугарија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik