Роден е роден 1873 година во влашкото село Гопеш, Битолско. Во Битола се школува во Романската гимназија, а потоа студира медицина во Букурешт. Во 1902 година се враќа во Македонија и се вклучува во редовите на ВМОРО. Во 1903 година е во четата на Парашкев Цветков. Бил еден од најактивните Власи – членови на ВМРО. Како пелистерски војвода тој со својата чета учествувал во Илинденското востание и во борбите по Востанието.
Загинува со уште четворица свои четници кај селата Сливница и Курбиново, Ресенско, на 22 мај 1907 година.
|