Роден е на 23 февруари 1867 во Охрид. Се школувал во Охрид и во Софија, каде што во 1887 година завршил воено училиште. Учествувал како доброволец во Српско-бугарската војна во 1885 година. Билчлен на ВМК и војвода во Горноџумајско и во Илинденското востание. Во 1911 бил резервен член на ЦК на ВМОРО.
Во Балканските војни бил член на Штабот на Македонско-одринското ополчение. Во Првата светска војна бил заменик началник на Македонската воено-инспекциска област и е промовиран во генерал-лајтнант на бугарската армија.
По војната со Т.Александров и П.Чаулев се членови на ЦК на ВМРО. Бил потписник на Мајскиот манифест.
Убиен е на 7 јули 1928 година во Софија од егзекутор на ВМРО. |