Роден е во 1873 година во с.Сехово, Гевгелиско. Католичката гимназија ја завршува „Зајтенлик„ во Солун и работи како учител во Солунско и Гевгелиско. Во Организацијата стапува во 1894 година. Во 1901 година е секретар во четата на К.Булгаријата. Од август 1901 година до август 1905 година е гевгелиски околиски војвода. ?а време на Илинденското востание учествува во Гевгелискиот револуционерен округ, а потоа во борбата против андартското движење. Дејствува заедно со војводите Апостол Петков и Лука Иванов. Во 1905 година е секретар на Рилскиот конгрес на ВМОРО.
За време на Хуриетот учителствува во Гуменџе.
За време на Балканските и Првата светска војна е околиски управник во Гевгелија (1912-1913) и на Струмица (1913-1919). По војните Манасиев се населува во Г.Џумаја, каде што станува секретар на Окружната училишна инспекција.
Умира на 7 октомври 1932 година во Горна Џумаја, Бугарија.
|