Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Дејан Димитров

Роден е на 22 март 1873 година во с.Лактиње, Охридско. Од 1890 година до 1901 година, работел како каменорезец во Варна и Русе во Бугарија. Во 1901 година станал член на ВМОРО и е четник кај војводата Т.Горанов, а од 1902 година е подвојвода на Н.Русински во Дебарца, Охридско. Четата на го убива крволокот сејмен Ризо и серија предавници во Охрид.

За време на Илинденското востание учествувал во низа востанички борби. По Востанието, преку Куманово и Врање пристигнува во Бугарија на 14 ноември 1903 година.
Во 1905 година се враќа во Македонија и до крајот на годината дејствува во Велешко, а потоа се префрла во Охридско и делува како помошнк на војводата П.Чаулев од 1906 до 1908 година.

По Младотурската револуција се легализирал во родното село. Во пресрет на Првата балканска војна, на препад е уапсен и страшно измачуван во затворот во с.Песочани. Со алка на вилицата бил шетан како мечка низ селата каде војводувал.

На 10 септември 1912 година, кај месносрта Опчелин во атарот на с.Песочани, Охридско бил жив запален со газија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik