Роден е на 1 август 1872 година во Штип. Основното образование го завршил во родниот град а средното во Солун, во Солунската машка гимназија во 1892 година. Образованието го продолжил на универзитетот во Софија каде завршил хемија во 1896 година.
Во ВМОРО влелува покрстен од Д.Груев во учебната 1894/95 година. Во 1895 година, како студент учествува во Мелничкото востание организирано од Македонскиот комитет.
Во 1896 година работел како учител во Крива Паланка, Куманово и Штип. По Виничката афера 1897 година бил уапсен и осуден на доживотна робија. Во Подрум Кале, Мала Азија бил до амнестијата во август 1902 година.
По амнестијата бил избран за кривопаланечки војвода. За време на Илинденското востание учествува во Скопскиот револуционерен округ.
По востанието се повлекува во Софија, каде се приклучува на Македоно-одринската социјалистичка група на В.Главинов.
Соработувал со Ј.Сандански и К.Мисирков. На 23 ноември 1903 година со К.Мисирков, С.Дедов и Ј.Ангелов во обид да формираат Македонско научно литературно друпштво во Софија, се спречени од полицијата а Мисирков бил принуден да бега во Русија. По Младотурската револуција во 1908 година станува редактор на весникот на санданистите „Конституциона зора“.
Умира на 28 септември 1934 година во Софија. |