Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Димитар Влахов

Роден е на 8 ноември 1878 година во Кукуш. Се школјувал во родниот град, Солун и Софија. Студирал во Германија и Швајцарија а дипломирал хемија на Софискиот универзитет. Рано се вклучил во Македонското национално-ослободително дело. Во 1904 година станал член на Ц.К. на ВМРО и раководител на ВМРО во Солун. За време на Хуриетот бил член на Федеративната партија (Бугарска секција) и избран за пратеник во младотурскиот парламент (1908-12). По Балканските војни револуционерната дејност ја продолжил во емиграција.

Еден е од оснивачите на ВМРО (об.). Од 1925 - 1944 година бил член на Бугарската комунистичка партија. Од 1936-1944 год. живеел во СССР. Во емиграција бил уредник на весниците „Македонско дело“ и „Балканска федерација“. После 1944 се враќа во Македонија и станал член на ЦК на Комунистичката партија на Македонија. На Второто заседание на АСНОМ бил избран за потпретседател, а потоа и потпретседател на Президиумот на сојузното собрание на ФНРЈ.

Умрел на 7 јуни 1953 година во Белград.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik