Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Ефрем Чучков

Роден е на 21 ноември 1870 година во Штип. По завршувањето на средното образование, учел воено училиште заедно со Г. Делчев и заедно со него го напуштил истото. Во 1896 година го завршил педагошкото училиште во Казанлак, па неколку години учителствувал во Пехчево и Мелник, каде започнал да ја развива револуционерската дејност.

Од крајот на 1897 година, по Виничката афера, бил во илегала и се префрла во Бугарија. Во април 1898 година се префрла во Македонија како војвода начета. Тој бил еден од организаторите на револуционерната мрежа во Штипско, заедно со Т.Лазаров и М.Развигоров. .

На 2 јануари 1905 година учествува на Скопскиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ, каде заедно со Д.Груев, Е.Чучков, Мразвигоров и А.Бабарта е избран во окружното раководство. Во април 1907 година, заедно со Т.Александров станал Скопски окружен војвода.

На Ќустендилскиот конгрес 1908 година е избран за член на  Централниот комитет на ВМОРО.

За време на Балканските војни учествува во борбите кај Кочани. По Првата свертска војна учествува во обновата на ВМРО.

Тешко оболен, умрел на 1 октомври 1923 додина во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik