Роден е во Котел, Бугарија на 20 јуни 1862 година. Учесник е во Српско-бугарската војна во 1885 година. Во 1895 година ја напушта армијата и влегува во редовите на Врховниот македоно-одрински комитет и учествува во Мелничкото востние и опожарувањето на Доспат. По неуспехот се враќа во армијата како подофицер.
Во 1900 година се поврзува со Г.Делчев и Ѓ.Петров, кои го привлекуваат во ВМОРО и го испраќаат како војвода во Лереинско и Костурско. Им бил инструктор на многу видни војводи од Битолскиот револуционерен округ.
На 26 јули 1902 година четата на Марко Лерински влегла во с.Пателе, Леринско, со цел да ги казни оние селани што пред тоа им ги предале на Турците. Известена за тоа од предавник, турската војска го опколила селото и неговата чета. Во нерамна борба, Марко наредил пробој на обрачот, кој успешно бил изведен. Меѓутоа, при самиот јуриш, еден куршум го пронижал прославениот војвода.
|