Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Григор Попев

Роден е во Прилеп во 1869 година. Потекнувал од богато трговско семејство, а и самиот станал крупен трговец. Завршил трети клас гимназија во Солун. Во револуционерната организација влегол во 1894 година, а бил внесен лично од Даме Груев.

Г.Попев учествува на конгресот на ВМОРО во Ресен во 1894 година. Покасно е избран за член на Битолскиот окружен комитет. Од крајот на 1896 година до 1901 година е благајник на ЦК на ВМОРО. Како близок пријател на Д. Груев бил негова десна рака во Округот.

По Балканските војни се населил во Бугарија. Умира на 2 февруари 1938 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik