Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Христо Батанџиев

Роден е во 1865 година во Гуменџе (денес Гумениса), Ениџевардарско. Христо Батанџиев отпрво работел како учител во Гуменџе, Кукуш и Солун, а потоа бил секретар во солунската општина и Егзархиската Митрополија во Солун. Како патриот, загрижен за судбината на Македонија и пристапил на групата македонски интелектуалци – истомисленици, со кои во Солун, во неговиот стан во 1893 година ја основале Македонската револуционерна организација, а Х.Батанџиев е избран за член на формираниот Централниот комитет на МРО.

Х.Батаџиев учествува и во работата на Солунскиот конгрес во 1896 година, каде поново е избран за член на ЦК.

По Младотурската револуција во 1908 година се вклучува во Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија.

Во јуни 1913 година, по избувнувањето на Втората балканска војна, бил уапсен во Солун од грчките власти. Заедно со над 1000 други Македонци се испратени на заточение на островите Трикери и Итака во Егејско море. Х.Батанџиев заедно со архимандритот Евлогиј Светиев биле натоварен на бродот „Екатерини“ за да бидат интернирани на островот Трикери. 

На 18 јуни 1913 година заедно со архимандритот Евлогиј Светиев се исфрени во морето од грчките војници, кои започнале да пукаат по нив додека не потонат.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik