Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Христо Чемков

Роден е во Штип во 1875 година. Се школувал во Штип и Ќустендилското педагошко училиште каде бил член на револуционерниот кружок заедно со Н.Каранџулов и Е.Чучков. Учителствува во Дедеагач, по што како професионален  педагог е назначен за учител во Централното училиште во Битола. Во редовите на ВМОРО влегува уште во 1894 година.

Од 1895-1896 година е раководител на месниот револуционерен комитет на ВМОРО. По откривањето на Виничката афера во 1907 година, пребегнува во Бугарија. Заминува за Чепеларе со мисија за уништување на базата на Бугарските револуционерни братства и да ги привлече револуционерните комитети кон ВМОРО, но не успева.

Извесно време престојувал во Бугарија и таму се поврзал со Јордан Гавазов, со кој заедно се вратил во Македонија.

На 24 мај 1898 година во Прилеп, во една куќа, чекајќи да бидат поврзани со Прилепската околиска чета, биле предадени и опколени од турски аскер и полиција. Во нерамна борба што се водела повеќе часови, Чемков и Гавазов го убиле полицискиот началник и неколку војници. Неможејќи да го пробијат обрачот, тие извршиле саможртва.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik