Роден е во 1878 година во Охрид. Основнообразование завршува во Охрид, а го продолжува во Солунската машка гимназија. Рано се запознава идеите на Македонската револуционерна организација. Во ВМОРО се вклучува и станува комита во 1900 година. Член на кружокот „Гемиџии“ станува додека учи во Солунската машка гимназија во 1902 година и учествува во Солунските атентати во 1903 година.
Тој изнајмува нов дуќан до претходниот, спроти Отоманската банка за прокопување на тунел под основите на банката (претходниот „берберницата“, е изнајмен од други луѓе). Во текот на атентатите, М.Бошнаков и В.Пингов се обидуваат да го минираат Топханетои хотелот „Вардар“, но во престрелката со турскиот аскер Пингов загинува а Бошнаков е заробен. Заробени се и П.Шатев, Г.Богданов и М.Арсов. На 24 мај 1903 година се осудени на смрт, за потоа казната да биде заменета со доживотен затвор.
Марко Бошнаков умира од мучуришна треска на 14 февруари 1908 година во Мурзук, во либиската провинција Фезан. П.Шатев успева да ја пренесе главата и да ја предаде на неговите родители и е погребан на гробиштата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид. |