Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Менча Карничева

Родена е на 16 март 1900 година во Крушево. Влаинка по националност. По Илинденското востание се преселуваат во Димитровград, Србија, па во Софија, Бугарија. Во текот на септември 1918 година заминува на школување во Минхен, Германија. При крајот на Првата светска војна го прекинува образованието и се враќа во Софија. Се вклучува женското движење на македонската емиграција и во кругот на Тодор Паница. Постепено се разочарува од него и неговото дело и на 15 март 1924 година се приклучува кон десното крило на ВМРО.

На 8 мај 1925 година, во виенскиот Бургтеатар, М.Карничева извршува смртна пресуда врз Т.Паница, убиецот на Б.Сарафов и И.Гарванов. При апсењето нејзините први зборови биле: „Тој беше лош Македонец“.. Осудена е на 8 години затвор, имајќи ја во предвид нејзината лоша здравствена состојба. Врховниот суд на Австрија ја прогласува за неспособна за отслужување на казната  и на крајот од 1925 година е ослободена и екстернирана од Австрија.

На 25 декември 1926 година станува сопруга на водачот на ВМРО Иван Михајлов.

Умира на 12 септември 1964 годинаво Рим, Италија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik