Роден е на 14 септември 1882 година во Крушево. Се школувал во Крушево каде завршил трето одделение, а потоа заминува кај татко му во Софија на печалба, каде завршил петти клас. Образованиетог продолжил во Битолската мачка гимназија. Во 1901 година пристапува во ВМОРО откако успеал преправен како селанец да го внесе Г.Делчев во затворот кај Д.Груев, кој бил уапсен во август 1900 година по Попставревата афера.
Поради аферата бега во Софија, каде се запознава со В.Главинов и со П.Јаворов, кому му помага во издавањето на в.„Дело“ кој е против ставовите на Врховниот комитет.. Во 1902-1903 учи во педагошкото училиште во Скопје.
Во јуни 1903 година е четник во Крушевската чета која учествува во Илинденското востание. Во домот на неговите родители во Крушево се прогласува Крушевската република ,која денес е музеј. По востанието 1904 година останува во Крушево како учител и член на околискиот комитет на ВМОРО. Прогонуван од властите, повторно бега во Бугарија, каде работи како учител во Ораховско, Козлодуј и Белослатинско. Во Лозана и Фрибург, Швајцарија дипломирал со диплома по филозофија.
Во Првата светска војна завршува школа за резервни офицери и бил назначен за кмет на Крушево.
На 3 февруари 1920 година, заедно со Т.Александров, А.Протогеров и руги дејци учествува на состанокот за возобновување на четничката дејност во Вардарска и Егејска Македонија.
На Шестиот конгрес на ВМРО вио февруари 1925 година е избран за член на Задграничното претставништво заедно со К.Прличев и Г.Баџдаров. Пишува во весниците „Народност“, „Вардар“, „Македонија“, „Неделна зора“ и други.
По убиството на А.Протогеров во 1928 година застанува на страната на протогеровистите. По заповед на И.Михајлов, на 2 декември 1930 година, Томалевски и неговиот телохранител се убиени од В.Черноземски и А.Манов во дворот на неговата куќа. |