Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Славејко Арсов (Славчо)

Роден е на 17 август 1878 година во Штипско Ново Село.. Се школувал во Штип, Скопје во 1895 година и Софија во 1897-1898 година. Во редовите на ВМОРО стапува во 1896 година по несреќната смрт на неговиот брат. Кон крајот на 1899 година е испратен во Кичево како селски училишен инспектор, каде што во исто време работи на организирање на мрежата на ВМОРО.  Во летото 1900 година е наклеветен и паѓа во затвор. Лежел во Кичево а потоа во Битола. По 14 месеци со откуп успеал да се извлече од затворот.

Во есента 1901 година се придружува во четата на М.Лерински и заедно со Г.Делчев ги обиколуваат Костурско, Воденско, Леринско и Битола. Од февруари 1902 година е назначен за војвода во Битолско, а од летото во Ресенско. Во Ресен тој и Н.Кокарев ги создаваат првите комитети на организацијата.

На Смилевскиот конгрес е делегат на Ресенскиот револуционерен регион. Во текот на Илинденското востание зема активно учество во борбите што се воделе во Ресенско. По задушувањето на востанието се повлекува во Бугарија.

Во летото 1904 година се враќа во Македонија заедно со четите на А.Бабата и С.Донски. На пат за Ресенско, на 22 август 1904 година, близу до с. Ѓуѓанци, Светиниколско, се предадени од поп Иван и неговиот син од с.Кокошине, и се опколени од турскиот аскер. Цели 6 часа се водела тешка и крвава борба. Загинуваат 20 четници и војводата С.Донски. С.Арсов е тешко ранет и за да не падне жив во рацете на турскиот аскер се самоубива. 

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik