Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спиро Олчев

Роден на 25 декември 1870 година во с.Дрмени, Ресенско. Завршува 4-ти клас гимназија во Софија.

За време на Илинденското востание е војвода на чета во родното место. Додека траеле борбите во тој крај, С.Олчев со четата и други четници од околните села успеал да префрли 2000 души на островот Голем Град на Преспанското езеро и цел месец од 18 август до 20 септември да живеат организирано и слободно. По неуспехот на востанието се префрлува во Грција.

Во 1905 година се населува во Софија. За време на Младотурската револуција отвора книжарница во Битола.

Умира на 23 април 1954 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik