Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Тодор Паница

Бугарин по народност, роден е на 2 јули 1876 година во Орјахово, Бугарија. Се школувал во Лом, каде е соученик со М.Даев, кој го привлекува кон каузата на Врховниот комитет. Кон крајот на 1902 година се вклучува во редовите на ВМОРО и влегува во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров.

Во 1904 година е во четата на драмскиот војвода и негов соученик М.Даев, каде е поставен за негов заменик.

Во 1906 година, на вториот конгрес на Серскиот револуционерен округ е избран за член на Серскиот окружен револуционерен комитет. На 17 мај 1907 година се венчава со учителката Екатерина Измирлиева, што е против правилата на ВМОРО.

По наредба на Окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ на чело со Ј.Сандански, кој требало да се искупи за гревот што тајно се оженил, на 28 ноември 1907 година го извршил убиството на Б.Сарафов и И.Гарванов.

Во времето на Уриетот во 1908 година дејствувал заедно со Сандански и таканаречената Серска револуционерна група, која соработувала со младотурскиот режим. Во 1910 гоидина, како благодарност младотурците го даруваат со огромен чифлик во Драмско.

Учествува и во Балканските и Првата светска војна.

Загинува 8 мај 1925 година од атентатот извршен врз него во виенскиот Бургтеатар од страна на крушевчанката Мелпомена (Менча) Карничева.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik