Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Васил Стојанов - Аџаларски

Роден е во с.Аџалари (денешно Миладиновци), Скопско на 24 декември 1880 година. Во 1901 година со семејството се преселуваат во Скопје. Влегува во редовите на ВМОРО и извршува повеќе задачи – пренесува пиошта, криеи набавува оружје и извршува терористички акции. Истата година е уапсен и одлежува 2 години во скопскиот затвор Куршумли ан. По амнестијата е ослободен.

Повеќе години бил околиски војвода во Скопската околија.  Имал повеќе борбени судири со турскиот аскер. Особена храброст пројавил во зимата 1904 година, во еден судир со турскиот аскер кај селото Ибраимово, Скопско. Имено, опкружен од аскерот, В.Аџаларски со атакување и фрлање бомби успеал заедно со другарите да се извлече, пробивајќи го обрачот.

Во февруари 1907 година го запалува анот во селото Сопиште, кој служел како база на српските чети при преминувањето за Поречието. До Младотурската револуција е реонски војвода на Скопскиот реон и дејствува со чета од 18 души.

По Младотурската револуција во 1908 година се легализира.

Загинал на 14 ноември 1909 година во Скопје, заедно со неговиот 80 годишен дедо е убиен од заседа пред вратата на неговиот дом од турската полиција. Погребан е во црквата „Св.Димитреија„, а неговото убиство било повод за масовни протести. Неговиот убиец Кор Расим бил обесен на камениот мост во градот.


<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik