Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Владислав Славчо Ковачев

Роден е во Штип на 5 јануари 1875 г. Завршува воено училиште во Софија во 1895 година. Истата година учествува во Четничката акција на Македонскиот комитет во Мелничко. Од 1899-1901 година е секретар во Врховниот комитет. Во 1902 година се определил против врховизмот и со чета заминува во Македонија, каде водел борби против врховистите за спречување на Џумајското востание. Како Штипски војвода зема учество во Илинденското востание во Штипско, Кочанско и Кратовско. Во 1904 година учествува во Времениот комитет на Б.Сарафов во Софија.

Од 1904-1909 година завршува правни науки во Париз, а во 1911 година докторира во Брисел.

Зема активно учество во Балканските војни во редовите на Бугарската армија мислејќи дека се бори за Македонската независност, но како што ќе изјави покасно, „со создавањето на спорна и неспорна зона, почна поделбата на Македонија меѓу нејзините алчни соседи“.

После Првата светска војна работи како адвокат и судија. Во 1919 година ја издава брошурата „Автономна Македонија“, во која пропагира самостојна и независна Маскедонија. Тој е еден од водачите и идеологот на Македонската емигрантска федеративна организација во Бугарија, која се формира на 4 декември 1921 година. Од 1923 година бил член на раководното тело на Илинденската организација.

Убиен е на 13 септември 1924 година во Софија од Мирчо Кикиритков, егзекутор на ВМРО.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik