Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Ангел Андреев

V.

Воените дејствија се засилуваат. Турците го палат Љубојно. Големи битки кај селата Рудари и Герман и кај Биѓла. Чакаларов и Кљашев во Преспанско. Востанието од другата страна на Езерото

Опасноста доаѓаше од Наколец. Другиот ден во Рударн дојде Кокарев со четата. Вечерта наиде аскер кој беше пресретнат од една чета од Ахил и Нивици. Излеговме и ние да го пречекаме. Доаѓаше од Перово. Фативме позиција кај Штрково. Аскерот кога го виде нашето знаме и нашите позиции, си замина без да не нападне. Четите од Герман, според планот, требаше да го нападнат, но тоа не го сторија и аскерот слободно си отиде во Наколец. Слушнавме дека друг аскер доаѓал од Лерионско, па фативме позиции над Рудари, горе, кај месноста Бигла. Се плашевме дека ќе ни го изгорат селото. Цела ноќ се држевме - дури и без гуни. Се покажа дека истиот аскер се вратил. Кокарев тргна да го чува Герман, а кога видел дека нема аскер, спокојно си спиел во селото. Се вратив другиот ден. Вечерта дојде писмо од Кокарев дека аскерот од Наколец го нападнал Љубојно. Помошта да побрза, зашто Љубојно го запалиле! Кокарев и моите чети од Герман отидоа побрзо од мене. Тоа беше на 14 август. Јас пристигнав на пладне со 100 души. Заедно со Кокарев стасала и битолската чета со војводата Јован Кафеџијата, која тргнала од Битолско во Герман - тој беше раковски војвода (од селото Раково). Тие со Кокарев беа 200 и јас со моите 100 - направивме 300 души. Четата од Љубојно беше отстапила, па Турците го запалиле селото. Кога виделе дека аскерот навлегол во селото Кокарев и Јован, без да пукнат почнале да се враќаат назад. Јас ги сретнав моите чети од Герман со знамето како се враќаат назад. Се вратив и јас. Љубојно и Брајчино беа запалени. Се расправав со Кокарев зошто малодушно отстапиле. Бев подготвен да пукам во моите четници од Герман за да ги вратам, но кога разбрав дека началниците така наредиле, се смирив и јас. Штотуку се бев вратил во Рудари, а Етем-паша со 3000 души беше стасал и ги зафатил височините над нашето село. Но тој не нe нападна, селата не ги запали, зашто му дошол ферман да не го прави тоа.

Во меѓувреме, аскерот двапати го напаѓаше Герман, на 18 и 21 август, и на двата пати беше одбиен од четите. Имале големи битки, но нашите позиции беа добри, па Турците се повлекоа. Етем-паша нареди селаните да се приберат во селата, објавувајќи дека нема да ги гори и дека ќе ги прогонува само лошите луѓе.

По палењето на Љубојно, Кокарев се врати да си ја бара четата. На одење во Дупенска планина, Турците го отепаа заедно со Пејчо - мислам на 16 август.

Етем-паша замина и пак се врати со 6000 души, ги зазеде сите места и ги нападна германската и битолската чета кои беа засолнети меѓу Рудари и Герман, во месноста Штрковска Стена. Наместо да дојдат кај мене, нивните раководители, Наум и Дине, останале таму да спијат. Утрото аскерот ги нападнал. Почнала голема битка во која паднале 45 души од битолската чета и 16 од германската. На 28 август, кај месноста Бигла, Турците повторно ги нападнале избеганите од битолската чета. Тука најмногу паднаа, а меѓу нив и војводата Јован. По ова, жените во Герман се беа собрале; Турците сакале да ги отепаат, но дошол бегот од Герман и ги спречил во колежот. По 3-4 дена, кога замина аскерот, јас отидов со четата, ги собрав селаните, па ги закопавме мртвите. На Бигла закопавме 24 души од битолската чета. По ова битолската и германската чета се растурија.

При уништувањето на битолската чета на Бигла, Турците користеа артилерија. Потоа тие наредија топови околу Езерото и го гаѓаа островот-селцето Ахил, но не можеа иишто да сторат - избеганиот народ беше скриен во трските - покрај езерото. Другиот ден отидоа Турците во Нивице и таму отепаа 18 души - мажи, жени и деца.

Чакаларов дојде во Герман на 21 август, кога аскерот беше опколен од нас кај Црвена Стена и кога уште траеше нашето царство. Чакаларов се чудеше како се зачувала нашата Преспа, додека во неговиот реон - Костурско, селата веќе биле изгорени и тој избегал кај нас поради аскерот. Чакаларов се сместил над Рудари, на планината Мочарта со 800 души костурчани. Ги осгави своите луѓе и слезе со Кљашев и со уште 5-6 души во Герман околу пладне. Точно тогаш битката беше завршена, па можевме да го поздравиме со „ура!" и со знамињата. Четите маршираа пред него.

Пет-шест дена пред востанието испратив 4 четници да агитираат и да раководат со восганието во селата од другата страна на езерото: Нивици, Граждани, Орово и Дреново, зашто знаевме дека нема да можеме лесно да контактираме. Во случај на потреба тие можеа да се кријат на островот Ахил. Имаше 100-тина пушки во тие села. Три дена пред востанието ги предадоа селани - кајакџии од Нивици, кои ги пренесуваа преку езерото. Аскерот ги опколи во пештерите во Нивичкото Езеро, кај што се криеја и отепа двајца - Дине од Нивици, еден од најдобрите работници од четата на Кокарев и Крстета, исто од Нивицн, мој четник, Наке Илов, од истото село, остана жив, а се спаси и четвртиот. Бндејќи Дине, назначен за војвода падна, во тие села востанието не беше успешно. Јас, налутен, не им испратнв друг четник и тие беа принудени да побараат од Коте. Тој им го даде Георги, од Штрково. И покрај тоа, востанието во тие села беше многу слабо - се држеа неколку денови, не можеа да го затворат патот покрај езерото, патот од Перово, од кај што доаѓаше војската против нас од Албанија.

На островот Ахил испратив тројца свои четници: Димитар Крстов, Андреја Спиров и Трајко Сотиров - заедно со 10-тина востаници од Ахил да го запрат патот од Перово. Тне успеаја да ја изгорат кулата во Перово, од кај што избегале 5-6 џандари.

Во почетокот на востанието низ Граждане мина една толпа од 600-700 души башибозук и го нападна. Селаните се исплашија. Попот со 5-6 мина отишол да се моли да ги поштедат, ветувајќи дека ќе бидат покорни. За жал, Турците сите ги отепале, знаејќи дека се меѓу највовлечените во делото. Тоа им послужи за пример и на другите да не се предаваат, туку машки да се борат.

На 18 и 21 август се биевме со турската војска кај Герман. Битката беше посебно жестока на 21 август кога ги принудивме Турците да се повлечат, а ние свечено го пречекавме Чакаларов, како што веќе кажав погоре. Чакаларов одржа говор пред селаннте, ги куражеше, потоа говореше Кљашев, а на крајот говорев и јас. Истиот ден Чакаларов отиде во својата чета на Мочарта. Му испративме околу 800 оки леб, а вечерта уште толку, потоа опинци и 80 овни. Мислев дека заедно со луѓето на Чакаларов, со кои бевме околу 1000 души, ќе можеме да го нападнеме Наколец. Јас организирав да печат леб по селата и да ги подготват коњите пак да му пратиме храна на Чакаларов, но другиот ден, на 22 дојде писмо од него дека требало веднаш да се врати назад, во Костурско. Лебот ние си го изедовме.

Кога Турците беа принудени да се повлечат на 21 аскерот и башибозукот (беа околу 500-600 од П`пле и Наколец) одејќи на враќање низ планината отепале неколку жени, дупенскиот поп, кого случајно го сретнале, како и татко му на Наума, началникот на четите од Наколец. Наум беше во уќуматот, вилаетски аза и тој едновремено беше член на Организацијата и началаник на Организацијата во Наколец. Во селото има 20-30 бугарски куќи. Имавме 15 пушки. Турците во планината фатија 40 жени.

Околу 14-15 август Турците од инает ги изгореа бугарските куќи во Наколец. Потоа им помагаа да ги поправат куќите.

Кога замина Чакаларов, Етем-паша другиот ден со 5000-6000 души, како што кажав погоре, ги нападна битолската и германската чета и ги совлада. Во планината, над Герман, во месноста „Елата" Турците го фатиле Никола Топалов, четник од гермаиската чета, жив го одрале, му ги извадиле очите и така го оставиле да умре.

По оваа катастрофа нашите селани од Рудари, се префрлија во Желево, во реонот на Коте. Јас исто дојдов во Желево. Останав само со 10-тина души, другите се разотидоа. Се беа обескуражиле. Се одморив 2-3 дена во Желево. Аскерот мина по џадето и им испрати абер на нашите селани да си се вратат во селото, дека нема да ги тормозат, а дека ќе ги гонат само лошите луѓе. Јас исто им советував да се вратат во селото. Пашата одеше во Лерин и мислевме дека нема да се врати. Се прибраа луѓето. Отидов и јас со селаните на Бигла, кај што ги закопавме паднатите 24 борцн од битолската чета. Потоа во црквата отслуживме молитва за нив, а јас одржав говор. Реков дека од нивните коски ќе изникне слободата, да не очајуваат. Ги почестив гробарите за покој на душата на закопаните. Тоа се случи околу 1 септември, а битката на Бигла беше на 28 август, па труповите веќе мирисаа.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина

granicnik