Спомени - Георги Илиев Папанчев | ||||||||
Потпоручникот Георги Папанчев загинал на 29 мај 1903 година, во Баница, Леринско. Од неговата чета жив осганал четникот Дачо Георгиев, родум од селото Арнауткој (Разградско). Тој напишал (прилично неписмено) свои спомени за дејноста на четата предводена од Папанчев и го предал ракописот на сестрата на Папанчев, г-ѓа Неда Папанчева Попова за да ги искористи најдобро што може. Госпоѓата, поттикната од „Материјалите за ослободителното движење во Македонија", издание на Македонскиот научен институт, ми го даде ракописот и неколку портрети со молба да го искористам и да напишам нешто за дејноста на нејзиниот брат во Македонија. Потпоручник Георѓи Папанчев, доброволно отишол да се жртвува за слободата на Македонија. Следејќи некој таен глас, кој не го оставал спокојно само да слуша за ослободителната борба на македонските Бугари, тој заминал во Македонија. Стигнал во Леринско, успеал на мајка си и на сестра си да им испрати две писма, кои сестра му, г-ѓа Нада Попова, ги приклучила кон споменатиот ракопис на неговиот четник. Првото писмо е напишано на 10.10.1902, а второто на 26.10. истата година. И двете заслужуваат целосно публикување. Ги приложувам овде како што се напншани, ги поправив само правописните грешки.
Како што гледате јас сум веќе далеку од вас. Јас ополномоштив една учителка да вн пише и, верувам, дека сте го добиле писмото, но не знам зошто не ми одговарате. Наскоро ќе добиете едно писмо од еден мој другар, кој ќе дојде во Софија и ќе ви каже најточни сведоштва за мене. Јас веќе си купив 50 овци и си ги пасам в планина. Се подготвувам наскоро да направам свадба. О! колку ќе биде убаво! Не знам ништо за вас - како сте, што правите. Дали мама е уште во Софија или се врати во Сливен? Како се решн проблемот со пензијата? Јас верувам дека е во наша полза, зашто мене веќе ме нема и вие слободно можете да изјавите дека сте сами. Судбината ни била таква, да бидеме далеку едни од други, но јас верувам дека пак ќе се видиме, ако помогне господ. Тоа за што мечтаев, го постигнав и сум задоволен, сега и да умрам не ми е жал. Како се децата? Каде ќе се запише Марика? Кажи им дека јас не сум ги заборавил и дека се надевам дека и во иднина ќе бидат примерни. Како што ти кажав и порано, ти, сестро не треба да очајуваш - кураж, кураж и пак кураж! Пиши ми детално за сe, но, како што ти пишав јас - не спомнувај ништо за мојата работа, зашто може да се загуби. Прашај ја Рајна дали ги добнла писмата, испратени преку Давидов. Немам повеќе време да ти пишувам пошироко, но и да сакам. не можам. Поздрави ја мама, Марика, Невенка и сите роднини и пријатели. Ве бакнувам Адреса: Трпена П. Димитрова Напишете на француски и турски и пуштете го препорачано. Може да се допишувате со оваа учителка. Таа ќе ви кажува за мене.
Ви пишав пред неколку дена, но не знам дали го добивте писмото. Јас со овците се преместив во Леринско. Минатата недела волците ми изедоа 4 овци. Но, и ние отепавме прилично волци. Се наоѓам во близина на Битола, до една мала железничка станица. Јас ќе презимам овде, а на пролет се подготвувам за свадба. Ех, сестро! Ако помогне господ да се видиме, толку многу имам да ти раскажувам за мојот живот, што ќе ни требаат цели седмици. Постојано сум во движење, не стојам на едно место. Но, како сте вие? Јас ништо не слушам за Бугарија. Во овој оддалечен крај, не можам ништо да разберам. Што прават децата? Си дојде ли мама од Софија, или е уште таму? Сведочете во судот дека јас сум тука и дека ништо не знаете за мене, за да добиете полна пензија. Мојата работа не се знае од денес до утре. Досега сите операции што ги направив се успешни. Воопшто, трговијата ми оди многу добро. Сега сум три дена далеку од местото кај што бев порано. Поинаку не можам да ти пишам, зашто писмата ги отвораат. Поздрави ги мама и децата. Во идното писмо ќе ти ја кажам адресата на која ќе можете да ми пишете. Ве бакнувам сите
При недостаток на спомените напишани од самиот Г. Папанчев, одлучив да го презентирам суштинското од споменатиот ракопис, зашто на тој начин значително ќе се пополнат сведоштвата за подготвителната работа во југозападна Македонија, непосредио пред Илинденското востание. Дејноста на Папанчев е поврзана со дејноста на другите војводи кои тогаш навлегоа во Македонија, меѓу кои особено значење има ревизионата чета на капетан Давидов. за која детални сведоштва содржат спомените на Ангел Андреев објавена во оваа четврта книга на „Материјалите...". Од содржината на ракописот заклучувам дека авторот, г. Дачо Георгиев, кој бил „бомбардир" во четата на Папанчев, не бил доволно подготвен да ги сфати вистинските мотиви на некои постапки на другите војводи, па често се однесува со непотребно сомневање кон одделни лица и кон самото население. Овде-онде, се разбира, има и предимензионирања. И покрај сe, податоците, горе-долу, се точни. Се погрижив да ги извадам поинтересните од нив, придржувајќи се на хронолошкиот ред на настаните, како што се изложени во ракописот. Се забележува дека датите се точно обележани. Како за сето време да бил воден дневник, за што во ракописот ништо не се спомнува. Мошне е можно, кај убиениот Папанчев да имало бележник во кого биле напишани датите на поважните настани. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||