Спомени - Георги Поп Христов | ||||||||
Мина и Кресненското востание во 1902 година[1], дојде амнестија, почнаа разговори за реформи и на 22 февруарн 1903, излегов од затвор заедно со другарите, затворени за политички престапи. Кога излегов од затвор видов дека Организацијата прилично напреднала. Раководител во тоа време беше Лозанчев, трговец (тоавчија-мануфактурист); имаше завршено петти гимназиски клас, стариот занает му беше фотографскиот, го научил во Бугарија. Уште в затвор разбрав дека во Солун се донесла оддука за востание. Оваа одлука не ја одобрувавме, затоа што не бевме прашани. Битолскиот округ на Солунскиот конгрес го претставувал Сашо Лозанчев. Тој не го зел предвид мислењето на војводите - горските раководители, како и на легалните раководители. Неговото мислење произлегло од состојбата, за која сметал дека е доволно подготвена, а од друга страна мислел дека таквата состојба нема да може да се одржи подолго. Кога излегов од затвор веќе беа почнати подготовките за востанието. Беа дојдени гурбетчиите, најмногу во Костурско, Ресенско и Битолско. Претставникот од Цариград, штом се вратил од Конгресот, им јавил на сите опфатени работници да се вратат дома, зашто ќе има востание. И јас, сакал-несакал почнав да работам повторно, како легален работник во Битола. На 23 април имаше регионален конгрес во Смилево. Дамјан Груев, исто пуштен со амнестијата, беше дојден една недела пред конгресот. Неколку пати пред конгресот одев по работа во четите и пак се враќав в град. На конгресот бевме избрани за претставници од битолското раководно тело. Од секоја имаше по еден легален и по еден активен, горски - јас, Лозанчев и Георги Пешков. Од градот сите бевме легални. На конгресот бевме околу 30 души. Претседател беше Дамјан Груев, кој претседаваше со Централниот комитет. Во неофицијално советување со нас во Битола, Дамјан беше против одлуката за востание донесена во Солун, ја сметаше за пребрза и му беше мачно, но бидејќи гледаше дека сe е подготвено, немаше што да прави. Пред конгресот се јави Сарафов, кој со својата чета беше во Прилепско. Беше донесол два товара динамит. Редум ги обиколил реоните во Прилепско, Битолско, Леринск,. Костурско, Преспа, Ресенско и дојде на конгресот во Смилево. Сарафов со согласност на Делчев беше определен да работи во Малешевско; тој тргнал таму со четата, но кај селото Владимирово имал судир со Турците, при што имал и жртви. Откако видел дека тешко се работи во средна Македонија, особено во Малешевско, тргнал кон Тиквешијата, а кога дознал дека Битолско е подобро подготвено преку Тиквешко доаѓа во Битолскиот округ. Од ЦК дојде писмо со кое не предупредуваа дека тој ќе дојде и дека целта ќе му биде да го забрза востанието и да застане на чело. Но, ние го сфативме тоа и без писмото. На конгресот Сарафов повеќе зборуваше за воениот дел на востанието, за неговиот план. Давидов имаше направево нешто како план. По долга и широка расправа, конгресот одлучува да се дигне востанието и тоа да се води партизански. Имаше мислења и против востанието со мотивација дека реоните не се доволно подготвени. Такво мислење искажаа прилепските делегати и некои од битолските, како што е горскиот началник Георги Сугарев (родум од Битола) „најдобриот војвода". Потоа се избра воен - генерален штаб што го сочинуваа тројца - Дамјан Груев, Сарафов и Лозанчев. Нивни заменици беа - Лазар Поп Трајков (од Костурско, убиен од Коте, сега, пред две недели) и Петар Ацев (родум од Прилеп). Се избраа и реонски началници од 3-5 души. Се направи план на движењето. Од вооружените луѓе да се формираат чети не поголеми од 30-50 души со војводи назначени од реонски началници. Се изработи и правилник - дисциплински устав за востанието. Денот на востанието остана да го определи генералниот штаб. Приближно се определи времето на востанието да биде кон крајот на јули, согласно со едно писмо од Ц.К. Од конгресот до востанието времето требаше да сс употреби за подготвување на оружјето, купување, носење храна во планината, полнење чаури (имавме машинки), набавување лекови. Турците не ги забележуваа подготовките. Војводата Цветков, реонски началник, загина кај селото Могила, кога дошол овде да собира храна за востанието. Пред Смилевскнот конгрес, Сарафов минувајќи низ Преспанско, Лерин и др. успеал да привлече на своја страна повеќемина - три-четворица од горските војводи, за да има на конгресот повеќегласие, на пример - Чакаларов (костурски војвода), Папанчев (лерински војвода) Кокарев (ресенски војвода). По конгресот, давајќи инструкции како да се дигне востанието, Сарафов успеа меѓу луѓето да ги протне своите гледања. Имено да се дигне партизанско востание, но не како што беше разбрано на конгресот, односно вистинско партизанско востание, без да се изложува на погубување населението, туку партизанско во смисла да станат јавно од секое село колку што е можно повеќе луѓе, а со тоа веќе само по себе сите се објавуваа за востанати. Така се случи во костурскиот, охридскиот, ресенскиот и преспанскиот реон. Јас бев определен за Демирхисарско, а Папанчев за Леринско, но Папанчев, предаден, падна заедно со 9 души во Баница (Леринско) на 26 мај. На неговото место застанав јас, прекомандуван од Штабот како началник во Леринско и таму, во согласност со решението на конгресот, дигнавме чисто партизанско востание - само со чети од вооружени селани, а селата навидум си останаа мирни. Од едно село, зависно од неговата големина, излегуваа 10 до 20, дури и до 80 души, на пр. од селото Екшису. Затоа и се зачуваа селата - само 5 беа изгорени: Раково, Був, Арменско, Неокази и Љубетино. Во Леринско го подготвував населението за востание. Се носеше оружје, се чистеа пушките, се правеа воени вежби. Во тие вежби нe изненади известувањето за датумот на востанието, кое очекувавме да биде подоцна. Пред тоа му рапортирав на Штабот дека реонот е слабо снабден со оружје поради многуте афери, па малку да се одложи самото востание, во спротивно да не очекуваат многу од овој реон. Откако го добивме известувањето, се организиравме да се разнесат хектографираните апели од Штабот за востание. Окружното го добивме три дена пред востанието. Толку кусо беше времето што не успеавме апелите да ги разнесеме секаде каде што требаше. Наместо тоа, во секое село испративме по еден стар четник да соопшти и да го раководи во првите денови на востанието. Им се дадоа упатства на старите четници штом се прогласи востаннето во секое село да направат што можат - да се уништи сe што е турско во околината, особено турските кули, телеграфските жнци, аскерот да се напаѓа секаде каде што е можно и најпосле востаниците да се повлечат в планина. 1. Именувањето е погрешно. Во прашање е Врховистичкото, познато како Џумајско востание од 1902 година |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||