Спомени - Јане Сандански | ||||||||
По овој разговор во Караќој отидовме во Демирхисарско над селата Крушово и Крчево, во месноста Капе, каде имаше една голема пештера (внатре има и старо црквиче) па тука сите чети што беа дојдени во Караќој се фотографиравме. И потоа сите се разделивме. Решивме како за обид да извршиме една терористичка акција во Серско, па според ефектот да можеме да процениме како да се примени планот за терористички акции во други области. За акцијата го избравме тунелот и мостот кај Анџиста (Ангиста). Делчев беше во Демирхисарско и оттаму отнде да изврши атентат. Делчев веќе си носеше експлозиви, динамитни, патронии сл., од што се гледаше дека уште во Софија било решено да се преземат терорнстичкн акции. По атентатот врз тунелот Делчев отнде во Солун, божем да ги разу6едува да не креваат востание. Тогаш се узна дека Битолчани не сакале да чекаат веќе. Тогаш реков дека штом битолчани толку не можат да чекаат, тогаш ќе треба само четите одавде Вардар да дејствуваат, а народот на иикој начин да не се крева на востание. И во таа смисла почнав да агитирам. Ги обиколив селата Калиманци, Х'рсово, Врања и др., во Мелничко. На 21 февруари отидов во Орманите. Таму се караа за еден аџар на еден чифлик, земен под наем. Еден од чорбаџиите, што се карал со другите, се заканувал со чета. Штом дојдовме, другите побегнуваат и не предаваат на аскерот, и овој во текот на ноќта не опколисува (460 мина аскер) во куќата. Бевме 8 мина. Домаќинот ни јави дека сме сардисани. Ги разбудив момчињата. Преекокнавме преку едно капиџиче, залегнавне на улицата, престрелка. Ни се втурнаа 20-50 мина. Јас испукав 10 куршуми, го погодив јусбашијата и други, стрелбата престана. Потем се нафрлнвме на еден куп Турци и сн пробивме пат. Загинаа 18 мина Турци и јусбашијата. Потем, другата вечер одиме во Кашина, воКо-вачево, Черешница и во с. Пирин отпочинавме 6-7 дена. Напишав да ни нспратат пушки, за да се раздадат по селата. Пушките ни ги испратија преку Разлог. Кога го поминавме Пирин, одејќи за Разлог (на 10 март) имаше голем снег и страшен студ. Трнпати ни се лупеа кожите на лицето, сите бевме отечени; во Банско лежев 6 дена болен. Еден дел од другарите ги испратнв во Мелничко, двајца оставив во Разлог н со двајца другари, Кипров и Петар Милев, дојдов во Софија, за да набавам нешто повеќе, па и ние да сторнме нешто за востанието. Во Софија дојдов околу 6 април, тука узнав за смртта на Делчев[1]. Во Софија престојував едно месец дена и пак тргнав за Мелничко со чета од 30 мина, вооружени со манлихерк ии берданки, и понесов уште 18 пушки. Во мојата чета беа и: Никола Наумов, Пејо Јаворов. Стефанов Димитар, Харизанов, потпоручнлкот Ангелов, поручникот Наумов, еден телеграфист и др., Преку Самоков поминавме на Демир Капија - Драглишта-Банско, па преку Пирин во Мелничко. Тоа беше во мај месец. Од таа чета избрав 7-8 мина под водство на Мирчо Кипров и го испратив за началник на чета во Драмско, бидејќи заедно со Делчева паднал убиен и Коштанов, комита од Драма. Наумов, Стефанов и други стоеја така во четата, веќе сакаа и весник да издаваат. Ја поделив четата на четири дела и тргнавме по селата да собираме храна. Собравме 60.000 кгр. жито (пченица, испековме 6.000 оки пексимит, брашното го складиравме на повисоки места, а исто така и шеќер околу 500-600 оки, сирење околу 200-300 оки, околу 30-40 парчиња кожа за опинци, лимонтуз, сода, восок, балзами (шишиња, против изморка, по 1 грош шише - алкохол што освежува). На селаните им велевме да ни ги дадат тие работи и дека ништо повеќе од нив нема да се бара. Им забранувавме да востануваат, велејќи дека само ние, четите, ќе дејствуваме колку што можеме. Откако ги прибравме тие продукти испративме писма до четите и раководителите на другите реони, да испратат делегати за конгрес, да уточниме еден заеднички план на дејствуваие. Дојдоа делегатите: Мирчо Кипрев, од Драмско, Баждаров Ѓорги од Броди и Дедо Илија од Демирхисарско, Николиев од Серско, Филип, секретар на чета, и Днмитар Пенков раководител на реон - од Неврокоп. Од Разлог беа дојдени Димо Лазаров и Борис Голев (и двајцата се од Банско). Од Мелник бев јас. Од четата Стефанов, Радославов, Наумов и Јаворов и други. Пред нив се вратија уште во јули месец исто и поручникот Наумов, Ников, Коцев и др... 1. Гоце Делчев загина на 22 април, по стар стил, односно на 4 мај 1903 год. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||