Спомени - Лазар Димитров | ||||||||
Пред востанието, четата на Марко војвода Дримколски беше поделена на два дела - едниот во дебарски Дримкол, под раководство на Марко, а другиот во струшкиот Дримкол, раководен од Лука Групчев. Делот кој беше во дебарски Дримкол известување за востанието доби преку реонскиот војвода од Малесија, Тасе Христов (од Присовјани), а струшкиот - директно од своето раководство. Плановите за дејствување што ги добија меѓу себе беа противречни: на дримколскиот дел му се наредуваше да ги дигне на востание тамошните работници, да ги разурне телеграфските линии и мостовите и сл., додека на струшкиот дел му беше наредно да има одбранбена положба. Тоа беше недоразбирање, фатално за дебарскиот Дримкол: тој се состои од 7 чисто бугарски села покрај Дрим, кои вкупно имаат 400-500 куќи, а само едно помашко село до нив има 1000 куќи и секоја куќа најмалку по 2 пушки, не сметајќи ги селата во Дебар. Во Малесија, северно и западно, помашкото и христијанското население се многу измешани, но повеќе е мухамеданско, додека на запад се Арнаути. Еден обичен случај оваа област ја зачува од разурнувања, но тоа ќе го објасниме подолу. Како и секаде, востанието беше објавено одненадеж. Овде извесгувањата за востанието стасаа на 20 јули, утрото. Точно на денот на востанието кон четата на Марко се приклучи а авторот на овие редови. Извршував секретарска должност. Ноќта меѓу 20 и 21 јули, откако ја зголемивме четата со неколку нови четници, се поделивме на два дела: Марко војводата, јас и уште неколкумина, требаше да го разурнеме телеграфот под селото Модрич, а другиот дел, откако ќе собереше уште некој четник од селата низ кои ќе мине, да го пресече телеграфот кај месноста Бигор. Тие беа под команда на Милош Крстев од Бедево. Ние ја завршивме нашата мисија, ја скусивме линијата на поголемо растојание под Модрич, но Милош не успеал; се занимавал со собирање четници, па не можел и тоа да го заврши - се разденило. На 21 нашиот дел од четата се прибра во една кошара. Планиравме да го продолжиме планот, но околу 8-9 часот стаса известување од Малесија и Жупат со кое не викаа на помош. Ние тргнавме преку Рујница кон Локов (во Малесвја), а на Милош му пишавме доколку помине, да го урне само телеграфот, друго да не презема, додека не добие нова наредба. Погоре спомнав дека еден обичен случај го спаси дебарскиот Дримкол од разурнувања. Тој случај, имено беше повикот за помош од четите од Малесија, поради што ние останавме во реонот. По пет-часовно забрзано одење нагоре по Рујница, која речиси вертикално надвиснува над Дрим, предводени од четворица локовчани, стигнавме во Локов. Беше околу 1 часот по полноќ. Селото беше пусто: ниту маж имаше, ниту жена, само малку добиток се меткаше покрај куќите и селскиот мегдан. Ние седнавме на мегданот кај чешмата да се одмориме и да се напиеме вода. Тука локовчани ни објаснија како се обиделе да го отепаат Шакир Чауш во кулата, но не успеале, па тој избегал. Го предупредиле Циганите и затоа тие беа отепани до еден. Од тој Шакир Чауш беше пропиштело дете во мајка, а во нсто време тој беше најверниот слуга на својот господар, султанот. Биткнте меѓу четите од Малесија и башибозукот и аскерот уште траеја кога иие стигнавме во селото. Слушнавме неколку пушки негде во планината, над селото Аржаново. Го продолживме патот, водени од локовчани, кон позициите на Цветко војвода, кон Калето. Ја најдовме месноста наречена Калето, дојдовме до едиа црквичка, дадовме знак и ја кажавме лозинката, но од нашите луѓе никој не се јави,: туку одговорија овчари од бачилата или башибозук. Благодарение на мракот и стравот, Турците не отворија оган, па претходиицата се врати кај нас цела. Застанавме на едно ритче спроти црквичката и останавме тука 4-5 часа од ноќта. Локовчани на секој начин се обидуваа да влезат во трагите на нашите чети, но не успеаја. Ние бевме жива-вода испотени, дувна едно ветерче и не смрзна, а и храна немавме. По долго размислување решивме да се вратиме во Локов, таму да се нахраниме и да останеме до мугрите, иако знаевме дека може да бидеме опколени од непријателски сили во текот на ноќта. Се вративме, но леб не најдовме. Сваривме качамак, отепавме две кошари пчела, а најдовме и малку млеко. Така вечеравме и легнавме да се одмориме. Брзо се раздени и ние се подготвивме. Сретнавме неколку стари жени и ги прашавме каде се четите и селаните. Ни рекоа дека не знаат каде се и дека селото е пусто. Тргнавме, пак кон црквичката, но уште не стигнати, слушнавме труба свири по патот од селото Селце (во Жупа) и црквичката. Кога сакавме да фатиме пусија кај црквичката, го видовме аскерот кој дошол од Дебар и веќе се сместил. Нашите кои отидоа да ја видат таа пусија и да не викнат да одиме и ние таму, се спасија само благодарение на една надолнина меѓу црквичката и местото кај што бевме ние. Отидовме во една нива на една височинка, но местото не беше добро ни за пусија, ни за отстапување - наоколу беше голо, под нас стрмна надолнина со ретка шума, а најдолу имаше рекичка, притока на аржанската и збажденската река. Бевме малку - не повеќе од 20 души. Долго се мислевме дали да отвориме оган на аскерот кој мииуваше покрај црквата, но имајќи ја предвид несоодветната местоположба, малубројносга и неизвесноста на четите, одлучивме да не пукаме. Штом стаса до месноста Умата, над Аржаново, трубата затруби и почна ужасен оган - постојани истрели од двете страни. Ние се обидовме да дојдеме до местото, слеговме до реката, потоа се искачивме по едно ритче и застанавме на едно високо место, во една корија блиску до селото. Пративме жени со писмо до четите, но жените не се вратија. Тука ручавме. Битката упорно продолжуваше до 8-9 часот попладне. По ова, пушки се слушаа овде-онде. Аскерот полека одеше кон рудината. но одвај го забележувавме со бинокл. Нашите чети не можевме да ги видиме, а и ако ги видевме не можевме да се соединиме, зашто аскерот беше низ рудината, а иие, иако далеку, бевме многу ниско. Кога престана битката, се вративме околу 10-11 часот кон Локов н таму, над Локов, во месноста Плеш, највисокото место на Рујница, застанавме. Од нашите чети од луѓето од блиските бачила беше собрана сета жива стока. За среќа, утрото на 23 блиску до нас, во една нива, видовме дека пасат 100-тина брави овци, јариња и јагниња. Тоа ни се виде како од бога дадено. Тука останавме до 29 јули, кога добнвме писмо од Тасета, преку Караорман, да заминеме во Горна Дебарца. Да кажеме нешто и за нашиот живот на Плеш. Благодарение на локовскиот војвода Јордан и на неговиот секретар, тука поминавме прилично добро. Не бевме само ние: од 25-26 четници бројот на луѓето се зголеми на 200 мажи, жени и деца од Селце и Локов, кои не успеале да заминат заедно со четите во Дебарца. Освен тоа, кон нас дојде и дел од селечката чета, која во битката се издвоила и не можела веќе да се приклучи кон четите кои заминале кон Горна Дебарца. Со оваа чета беше и Нико Танасков, учител од Селце, многу заслужен за Организацијата. Загина на 12 август во Горна Дебарца, кога Турците ги изгореа селата Сливово, Мраморец и Турје. Ние формиравме позиции кои го контролираа пристапот од север и од југ, а на запад Рујница стрмно се спушташе над Дрим. Оттаму не очекувавме никаков напад. Само едно не плашеше: ако бидеме нападнати од трите страни, можевме да го одбиеме непријателот и да отстапиме од запад, но немавме храна и вода; храна доставувавме од Локов, исто и вода. Блиску до нас вода немаше. Локов од позицијата беше оддалечен половина час, а непријателот можеше и да се насели таму. Можевме да слеземе по надолнината кон Рујница, значи од западниот дел на позициите, но Дрим беше 4 часа оддалечен, а дотаму вода немаше никаде. Со други зборови, тука требаше да седиме и да чекаме, што ќе ни донесе судбината. Не знаевме каде да одиме. Четите од Малесија отидоа во Дебарца и известување од таму повеќе не добивме, иако испраќавме курири со писма до Тасета. Цела седмица седевме на тоа место, на отворено. Секој ден и ноќ стававме стражи да внимаваат да не бидеме нападнати. Се рашнрил глас во Дебар дека Рујница е полна со комити и дека тодку силно се вкопани, што и топ не можел да ги растури. Тоа веројатно го кажале овчарите од блиските бачнла кои постојано не гледаа. На 28 дојде писмо од Горна Дебарца, со кое не викаа да одиме таму. Тоа не окуражи и ги забрзавме подготовките. На 29 тргнавме и во текот на ноќта стигнавме во близина на Збажди, во месноста Кобличица. Тука останавме во текот на денот, 30 август. Ноќта, на полноќ тргнавме низ Караорман, Одевме цела ноќ. В мугри, стасавме во Радомирово. (Тука има урнатини. Четниците кажуваа дека тоа било големо христијанско село, разорено од Турците. Кога се случило тоа не се сеќаваа). Стигнавме на Славеј. Пративме курири да видат како да го продолжиме патот бидејќи беше ден, дали да продолжиме, или да ја чекаме ноќта, како и да видат дали има непријателски сили. Од годивските овчари куририте дознаа дека нема опасност и дека можеме слободно да го продолжиме патот низ лактинско-годивското поле и да навлеземе во западната, на другата страна на планинските села - Сливово, Мраморец и Турје. Тоа беше спроти 31 август. Заборавив да кажам дека заедно со писмото, со кое не викаа во Дебарца, ни пратија и курири, инаку ќе талкавме низ Караорман и со недели нема да можевме да излеземе на вистинскиот пат, а може и од глад да умревме. На 29 во пресрет на 30 август, кога го минавме Караорман, забележавме оган и чад кои се извишуваа до небо, небаре сакаа да дојдат до бога и да му ги кажат маките и неволите во кои се наоѓа нашиот измачен народ. Сликата беше жална и трогателна, но и величествена, зашто таа покажуваше дека едно поробено племе, полно со енергија и способно за живот, ги ризикува и животот и имотот само да го фрли јаремот на ропството, да извојува подиослив живот, да живее слободно. Таа ноќна слика, пламените на запаленото село, вечно ќе ми остане во сеќавањето. И пред тоа гледавме чад и оган како од Горна Дебарца, така и од струшкото и охридското поле, но толку силен впечаток тие не ми оставаа. Села гореа и подоцна, но веќе не беше ништо необично. Гореше селото Присовјани, запалено од аскерот и башибозукот на турското село Песочани. Продолживме по патот за кого овчарите од Годивје ни рекоа дека е чист. Тие уште ии кажаа дека Тахир Тоља со 300-400 души башибозук ги ограбил и изгорел селата Лактиње, Годивје и Врбјани. На враќање Тахир Тоља бил пречекан од врбјанската чета, која го нападнала и му ја растурила дружината. Тука биле оставени многу предмети: покуќнина, алишта и др. И знамето му било земено. Во Сливово стигнавме во 11 часот вечерта, ноќта пред 31 август. Ноќта ја минавме во Турје. На 1 август успеавме да запоседнеме на позицијата „Горица", за да ги заштитиме селата од аскерот откај Издеглавје. И тука, како и на Плеш, се сместивме и фативме позиција. Останавме 3-4 дена. Во последните два дена забележавме како излегуваа од Издеглавје 4 аскери и се качуваа кон Лактиње, минувајќи низ врбјанско и како се враќаа назад. На 4 август утрото го направи истото и не се врати, отиде кон Врбјани и привремено се скри. Ние помисливме дека заминал во Дебар. Но, околу ручек стнгна една белешка од Марко, кој се наоѓал во Сливово и, откако разбрал дека аскерот слегува кон нас, дошол на пусијата во „Св. Никола", 10 минути десно од нашата главна позиција. Бараше да му пратиме 50 души помош. Но, додека дојдовме до позициите, непријателот се доближи до нас и тоа од страна од кај што не го очекувавме и од каде што бевме послаби. Одделив 50 души да одат кај Марко, но уште не тргнати, непријателот не нападна. Тие по едно долче се упатија кон Сливово. Марко беше на позицијата со 7-8 души. Кај нас остана да командува Пантелеј. Точно во 7 часот од двете страни се отвори оган со постојани залпови. Секој настојуваше да пука право во непријателот. Викнавме сложно „ура" како од едно грло и пукнаа стотината гра на нашите јунаци. Непријателот малку отстапи. Тогаш од две страни пукнаа топови: од над Лактиње и од полето на Врбјани. И Марко отвори оган од своето место со своите малку другари. Непријателот минуваше покрај него. Беше очигледно дека не смееше да нападне, зашто оттука натаму местото беше високо и густо, а се плашел и од селските чети. Од топовите, иако ги смирував четниците дека тоа не се топови, туку залпови, нашите се исплашија и почнаа на југ да ги напуштаат позициите; меѓутоа северните јуначки се бореа, па и битката продолжи до 11 часот вечерта. Со отстапувањето северните позиции беа изложени на оган од непријателот при што паднаа 14 души, а 7 беа ранети. Непријателот имаше над 30-40 мртви и двојно повеќе ранети. Беше отепан и еден офицер. Нашите кога на 4 вечерта и на 5 август утрото отидоа да ги погребаат своите мртви другари, го најдоа шаторот на офицерот, а понатаму и винт од топ. Се претпоставува дека бил бимбашија. Селските чети го виделе како јава бел коњ и кога паднал од него во битката. Треба да признаеме дека Пантелеј машки се бореше со своите јунаци на северната позиција: беа ги потрошиле сите патрони, повеќе од по 160. Тој на чудесен начин се спасил. Слегувајќи надолу дошол до воденицата кај анот, под позициите, и се скрил внатре. Двајца го забележале и тргнале по него, зборувајќи дека тука се скрил капитанот. Кога Пантелеј бил горе, тие барале кај тркалото, а кога тие се качиле горе, Пантелеј слегол долу, кај тркалото. Бидејќи не го нашле тне си заминале. Тогаш Пантелеј се скрил во корењата на една бука, блиску до воденицата. Тука останал додека аскерот не заминал ноќта. Тогаш отишол во Сливово. Треба да ги спомнам и имињата на некои четници кои храбро се бореа, а некои го положија и својот живот. Тоа се; Георги Враништанчето, кој осгана жив откако ги испукал сите патрони; Коста Велков од Луково - убиен; шестмина убиени од Глобочица со својот војвода Наум Илоски, касиерот Пантелеј Илоски, Јосиф Илоски и уште тројца; Ристо Тасев и брат му, од Ташмаруништа: четворица од Драслајца и двајца од Селце - Иван, воденичарот и калајџијата Симеон Ѓорев. Ранети беа: Корте Павлев од Пазео, кој подоцна почина, двајца од Глобочица, двајца од Моруништа н уште други двајца. Вечерта се собравме и преноќевавме во Турје, а аскерот се врати во Издеглавје. Ние тука сигурно ќе победевме да имавме бомби и ако селските чети беа поблиску до нас и да нападнеа и тие. Но немаше бомби во нашиот реон. Треба уште да забележам дека првпат во востанието тука се употреби топ против востаниците. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||