Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Лука Џеров

IV.

По 17 август борбаша повторно почнува. Почнува палењето на бугарските села. Капитулација

На 17 август, околу 500-600 души аскер, откај Дебарско се обиде да го нападне селото Душегубица, но селаните ја пречекаа војската подготвени и сами ја задржаа околу 4 часа. Женнте беа храбри - на борците на позицијата им носеа патрони и вода. Ние почнавме да се собираме за помош: јас со селаните од Лафчани стигнав порано и аскерот го нападнав од лево, а другите села - Иванчица, Ехловец, Попоец, Кленоец ја нападнаа војската од десно, па со здружени напори го одбивме нападот. Жртви немавме, а ранети беа неколкумина. Аскерот избега. Офицерот во брзањето ги беше заборавил биноклот и наметката. Идниот ден, на 18 август, повторно се зададе аскер. Но, ние бевме подготвени, спиевме на позициите и уште в зори фативме подобра позиција - подалеку од селата, во Дебарско. Имаше наредба да се остави аскерот, за кого претпоставувавме дека ќе дојде, да се доближи до 100 чекори. Местото се вика Думовица, на врвовите на Бистра. Кога наближи аскерот на 600 чекори, пукна пушката на еден невнимателен четник. Аскерот веднаш се врати назад без да испука ниеден патрон. Ние залудно пукавме во неговиот грб. Бидејќи аскерот не покажа никаков отпор, решивме да се вратиме во селата, зашто беше тешко за храна на голема оддалеченост.

На 19 август не се појави никаков аскер, а околу 1 часот на пладне, стаса известување од Лазарополе дека два табора аскер стигнале во ова село од Дебар и дека другиот ден сакале да не нападнат. Тогаш брзо се организиравме - му пишав на војводата Арсо да го блокира патот кој оди од Кичево кон нашиот реон. Им пишав на селата Добреновец, Јаворец, Кнежино истата вечер да тргнат кон месноста „Два камена", каде заедно со 20 души стари четници и со селаните од Лафчани - вкупно 75 души - чекав да пристигнат уште истата вечер. Им напишав и на селата Малкоец, Кленоец, Попоец и Иванчица да одат во Душегубица, а востаниците од Ехловец да го чуваат преминот Јама. Но известувањето во селата стасало приквечер, па тргнувањето сите го одложиле за утрото следниот ден. Истата вечер кај „Два камена" стасав само јас со Лафчани. Аскерот, за чудо, од Лазарополе тргнал уште ноќта и пред зори се најде пред нашите позидии. Ние веднаш се подготвивме да пружиме отпор, бидејќи се надевавме на брза помош. Во тоа време аскерот се подели на две колони - едната тргна кон Душегубица, а другата против нашата позиција и по патот за Лафчани. Но, душегупчани, изморени од неспиењето и гладот и без патрони, ги напуштиле позициите, избегале и се упатиле кон Кленоец. Патем ја сретнале помошта од селата и се упатиле кон Кленоец. Аскерот влегол во Душегубица, го запалил селото, го изгорел целото и продолжил да ги брка до Кленоец. Но бил песретнат со силен оган и одбиен. Восганиците имаа и еден дрвен топ (12 педи), кого го испразниле 4 пати (полнет со ситни шајчиња и желевца). На тој начин аскерот беше запрен. Другите восганици, кои се мачеа да го запрат напредувањето на аскерот кај „Два камена" со надеж дека ќе им дојде помош,залудно се спротиставуваа. И јас бев таму и заповедав да се отстапи. И отстапивме кон Лафчани. Едновремено зад нас стаса и војската. Селото беше меѓу нас и Турците. Тие се обидоа неколку пати да влезат во селото, но постојано ги одбивавме и сосема ќе ги одбиевме, ако не се зададеа два табора аскер кој имаше намера да не опколи и да не удри в грб. Арсо беше многу далеку, во Белица и кога видовме дека положбата е безизлезна, се повлековме во Подвис и таму се наместивме. Аскерот влезе во селото, го запали и веднаш се повлече, истата вечер (20 август) замина во Дебарско. И кичевскиот аскер се прибра во градот. Се стемни. Така заврши тој ден. Од наша страна имаше 3 убиени и лесно ранети.

Од 20 август до 5 септември немавме никакви судири. Стаса извесгување од Штабот да не се ангажираме во поголеми битки и воопшто, да отстапуваме.

На 5 септември, неочекувано и едновремено се зададоа силни одреди од Кичево, Дебарско, Демир Хисар и Охридско. Го опколија цело Кичевско.

Сета војска дојде на пладне. Ги известивме нашите селани да настапуваат во помали групи. Жените и децата по 20 јули престојуваа на врвовите. Војската навлезе во реонот, влезе во неколку села и без да направи некаква пакост (во Белица ограбиле што можеле), на 7 септември си се вратн назад - Дебар, Охрид и Демир Хисар. По ова четниците пак слегоа во селата.

Од 7 до 20 септември пак немаше ништо. Тогаш од Штабот дојде наредба старите, жените и децата да се вратат во селата, зашто Турците објавиле дека ќе го запалат секое празно село. Мажите останаа вооружени и надвор од селата. На 20 септември војската пак надојде од Кичево, ги окупира селата Брждани, Козица и Белица. Тогаш почнаа обесчестувања на жените и измачувања на старците, за да ги натераат младите да го предадат оружјето. Во почетокот никој не сакаше ни да слушне за такво нешто. Имавме пратено неколку души од Витрани, од Подвис и од други села - да земат храна, леб. Чекавме нови ннструкции. Во часот кога витранци влегувале во селото, го нашле тука аскерот. Турците ги фатиле ќерките и снаата на селскиот војвода, па тој решил да го предаде оружјето, а така постапиле и другите 6-7 души кои биле со него. Турците ништо не им направиле. Аскерот охрабрен од таа постапка, почна истото да го применува и во другите села. На тој начин успеа да собере прилично оружје од Брждани, Свиништа, Козица, Белица, Кладник, Карбуница. Ги давале полошите пушки и во се помал број. Таквата состојба траеше до 30 септемврн, кога дојде наредба од Штабот да ги пуштиме востаниците по нивните села, да го складираме оружјето, а повидните водачи да одат во Бугарија. Во реонот да се остави само една мала чета.

Постапивме според наредбата. На 10 октомври му се стави крај на востанието. Оружјето не се складира, туку му се раздели на населението. По ова, Турците не презедоа сериозни мерки да го бараат оружјето. Со голема мака ја примија наредбата за капитулирање - сите се надеваа дека Бугарија ќе објави војна и дека со тоа уште повеќе ќе зајакнеме. Но, ништо од тоа. По калитулирањето, дебрани (Арнаути) го нападнаа Лафчани, собраа добиток, отепаа едно момче.

Паѓа во очи дека откако се формираа реонските чети, не се покажаа веќе разбојничките чети, кои пред тоа толку многу се шетаа. Кичевско порано повеќе жртви давало со разбојниците, отколку што даде во востанието за сето време. И потерите сега сами не одат: штом се јават разбојниците, ете ја и турската потера, кој е ортак со нив. Голема сиромаштија сега владее во Кичевско.

На 25 септември аскерот, заплашувајќи ги селаните во Јудово да го предадат оружјето и не добивајќи ништо, го запалил селото. Изгореле 50, а останале уште 5-6 куќи.

Востаниците не беа прогонувани. И пушките останаа. Од секое село беа земани по неколку пушки. Но тие не беа добри - сe тетовки. Сзмо 25% беа гра, а 8 манлихерки.

Софија, 1953 год.

Почеток | <<Назад | Содржина

granicnik