Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Михаил Герџиков

Предговор

Револуционерното движење во Македонија не можеше да не повлијае и на поосвестените духови на бугарското население во Тракија, од кое значителен дел веќе живееше пребегано во пределите на ослободена Бугарија, и беше исполнето со копнеж да се врати во своите родни места, при подобри услови за безбедност на животот и имотот. И наспроти силната желба на Тракијците да се ослободат од турското ропство, кај нив идејата за организирано востаничко движење беше прифаќана многу побавно, и воопшто послабо во споредба со нејзиниот брз и буен растеж во Македонија. Причината за оваа разлика се наоѓа не само во релативно поповолните стопански услови на животот во Тракија, како и на послабите изгледи за успех во борбата поради близината на Цариград, туку и во историскиот опит на бугарското население јужно од источен Балкан, до Одринско, што во 19 век преживеа неколку руско-турски војни, што завршија катастрофално за бугарштината, со емигрирање по руските војски што отстапуваа. Затоа и бугарската тракиска интелигенција не се предаде со толкава еднодушност и безгранична самопожртвуваност во служба на револуционерната идеја, како што тоа стана во Македонија. Бессилните обиди на одделни групи револуционерно настроени младежи не успеваа да отидат подалеку од изолирани, месни бунтовнички акции, без да се постават темели на една општоприфатена револуционерна организација, по пример на македонската. Меѓутоа, движењето во Македонија созреваше до претворање во отворена револуција, па раководните дејци од двете области требаше да се замислат за заедничка координирана дејност. Силната македонска револуционерна организација што располагаше со материјални средства и со опитни раководители, природно се наложп и во Тракија со своите закони и потфати во борбата, - таа неусетно се претвори во „Македоно-одринска револуцлонерна организација". Почетоците на тоа замешување на В.О. во Одринско датираат од 1899 година. На тајниот конгрес во Солун, кон 1 јануари 1903 година, на кој беше прифатено судбоносното решение за општо востание, присуствуваат и делегати од Одринско. Подготовката за востание и во Одринско што последува, непосредно е раководена од В.О., поради што револуционерната идеја за релативно кусо време постигна тука голем успех, зафаќајќи голем дел од бугарското население во областа.

Поинтензивната револуционерна дејност во Одринско под раководство на водачи непосредно потчинети на В.О., започнува со доаѓањето на Михаил Герџиков за главен одрински војвода, назначен од В.О. во 1902 год. Пред тоа Герџиков, родум од Пловдив, интелигентен младинец со буен карактер и мошне екстремни убедувања, дејствувал како комита и војвода во Македонија. Во Одринско тој го подготвува општото востание во 1903 година и постигнува кусовремени, но мошне ефектни успеси. Бидејќи Одринското востание е непосреден одраз на македонската ослободителна борба и органски е сврзано со Илинденското востание во Македонија, запишуваните од мене материјали ќе беа недовршени, ако не ги додадев и спомените за современите револуционерни дејства во Одринско. Знаејќи дека Михаил Герџиков најдобро би можел да фрли светлина врз главните моменти на Одринското востание, се потрудив за таа цел да се сретнам со него, што и стана во 1910 година. На низа средби, почнувајќи од 30 март истата година, Герџиков накусо ми раскажа за својата дејност првин во Македонија, и потем во Одринско, како што е изнесено во спомените што се објавени тука. Тие не се сосем докрај довршени. Герџиков е жив, сега некаде во туѓина, и бездруго ќе може некогаш подоцна да ги дополни.

Спомените на Герџиков, врзани за Одринско се однесуваат главно на она време кога тој дејствувал тука. Меѓутоа, како што веќе беше речено, во Одринско и пред него дејствувале други, месни револуционери, за кои Герџиков не раскажува во своите спомени. Затоа е добро заради запознавање на читателот тука накусо да потсетам на тој почетен период на ослободителното движење во Одринско.

Во 1895/6 уч. Година во Лозенград учителствувале Павел Генадиев и Костадин Благоев (род. од с. Ракита, Леринско). Следната година П. Генадиев бил преместен во Мустафа Паша, а наместо него во 1897/8, како главен учител во Лозенград дошол Л. Маџаров (род. од с. Негован, Солунско). Овие учнтели ги засеале првите семиња на револуционерството во Лозенградско, а најголема заслуга за тоа има Л. Маџаров, кој за две години успеал во лозенградска околија да формира множество комитети, а делумно и во Бунархисарско и Малкотрновско. Од друга страна и тракиската емиграција во Бугарија, по примерот на македонската, се органнзирала за да помогне за ослободувањето на својот роден крај. Петар Драгулев, родум од Малко Трново, заедно со капетанот Петко Војвода и др. во 1896 г. во Варна го основа емигрантското друштво „Странџа". Ограноци од истово друштво се основаа и во други градови, каде имало тракиски емигранти. На 19 февруари делегати на Организацијата „Странџа" се собираат на својот прв конгрес во Бургас, и решаваат да се формира тајна револуционерна група за да дејствува, внатре во Одринско.

Во пролетта 1897 год, била формирана првата вооружена чета, што навлегла да дејствува на Странџа планина, под војводството на Милчо Стамчев. Во неа влегувале Вангел Шунтов, како подвојвода, и идниот истакнат револуционер на Странџа Ст. Петров (род. од М. Трново), како секретар и благајник на четата. Првите обиди за агитација од четата биле неуспешни, и самиот Петров попаднал во затвор.

По овој обид во Одринско истата таа година се јавува друга чета, испратена од македонската В.О., со согласност на организацијата „Странџа", на чело со капетанот Стојчо Гаруфалов, родум од М. Трново. Како комити во нејзиниот состав биле капетанот Митров, поручникот Саракинов, Георги Иванов, - прославеннот потем лерински војвода под име Марко Војвода, - Антон Бузуков и др.. И оваа чета наскоро се враќа без да изврши посериозна работа. Неуспехот на првите две чети и дал повод на В.О. да се зафати посериозно со организирањето на борбата во Одринско, оставајќи го настрана друштвото „Странџа". Така во 1899 год. се јавуваат првите „македонско-одрински друштва" на чело со две истакнати личности - Георги Минков и Георги Кондолов. Првиот го претставувал Одринско во „Македоно-одринскиот комитет" во Софија, а вториот раководел со работите на „Македоно-Одринското друштво" во Бургас. Во почетокот на 1900 год. во Бургас престојувал извесно време Гоце Делчев, и оттаму наминал на обиколка во Одринско, придружуван од Л. Маџаров н Ст. Лазов. Потем органнзирањето на борбата се одвива бавно. Во тоа време со голема преданост спрема ослободителното дело се истакнува Георги Кондолов, што се здобива со довербата на В.О., која му доверила да води агитациона „патриотска" чета во Одринско. Гоце Делчев во својство на началник на борбените чети во Македонија и во Одринско, му дал на Кондолов писмено полномошно за внатрешноста. Кондолов ја повел својата чета на 30 мај 1901 г. и таа година дејствувал како војвода.

По велигденските празници 1902 год. во Пловдив се одржал конгрес, за да изработи за Одринско општа директива, и да им стави крај на неслогите при постоењето на врховисти и централисти меѓу македонските дејцн, што се прошириле и во Одринско. На овој конгрес присуствува и М. Герџиков, кој скоро потоа го презема раководењето со оружените акции во Одринско, како што е изнесено во неговите спомени. По конгресот Георги Кондолов на 24 мај 1902 год. заминал со втора чета во Одринско, по кое навлегла и четата на Герџиков, па натамошните револуционерни акции во Одринско се водат со заемно разбирање и по дадени заеднички директиви (вид. поподробно за дејноста на Кондолов во книгата на Ив. Пандалеев Орманџиев, „Георги Кондолов и неговата дејност во Странџенското востание" (со 5 портрети), Бургас, 1927).

Љ.М.

Почеток | <<Назад | Напред>>

granicnik