Спомени - Михаил Герџиков | ||||||||
Се вратив во март месец - половината на март. Потем ме повикаа во Софија. Беа дојдени луѓе со пари од Одринско, та купивме (од Тјуфекчиев) ново оружје. За четите земавме манлихерки и берданки. ЦК беше многу небрежен спрема Одринско. Од парите за мис Стон не ни дадоа ни стотинка за Одринско. Една голема сума пари, што ја испративме на претставништвото, за да ни купат оружје, тие, - Татарчев и Матов, спроти востанието му ги дадоа на Чернопеев, за да вооружи голема чета. Затоа за населението купувавме кримки, по Одринското востание се изврши со кримки. За кримките дадовме по 6-7 лева. Кога дојдов во Софија, Матов и Татарчев ми јавија дека и покрај нашето решение, не било можно да се одложи востанието; битолчани настојувале. Тоа му го јавиле на Окружниот комитет во Одрин, па и од таму ни го соопштија истото. Ова мошне ме изненади. Не знаев што да правам. Им реков на Матов и Татарчев, дека во Одринско нема да можеме да земаме учество, но тие ми подвлекоа дека во таков случај, ако ние не земеме сега учество, после никогаш нема да можеме сами да креваме востание. Делчев беше внатре во Македонија, и со него не можев да кореспондирам. Тогаш решив дека за ова прашање треба да се изјасни еден одрински конгрес, што да се одржи внатре во Одринско. Испратив окружно упатство за внатре, за да се изберат делегати од околиите и фиксиравме конгресот да се одржи на Петровден. Право на учество на конгресот имаа сите војводи и иивните помошници, а освен нив секоја околија по избор да испрати најмногу по тројца делегати. Предвидував дека решението што го примиле битолчаните, тие бездруго и ќе го извршат, и затоа развив голема активност за да се набави колку што може повеќе оружје. Затоа кон половината на април 1903 год организирав во Бургас една голема чета, со околу 120-130 мина, со цел да ја испратам внатре, да ја поделам на делови, така што тие да послужат како кадри за востанието. Комитите беа одринци, некогашни комити, одрински емигранти, што служеле војска во Бугарија; нив најмногу ги претпочитував. Средства за четата, покрај малуте пари што ги бев одделил од заедничките набавив на особен начин. Заедно со Ѓорче Петров во Јамбол од воениот склад украдовме коњанички манлихерки. Магационерот и војникот, стражар, побегнаа со нас. Помош ни укажа офицерот Ќамилев; брат му беше со четата на Чернопеев, беше исто така ранет, беше заминат како студент. Нам ни припаднаа околу 70 парчиња. Ѓорче беше испратил за својата чета човек да ја извиди таа работа. Јас го насетив тоа. Бидејќи со една усна спогодба со претставниците јужна Бугарија требаше да се користи за Одринско, му напишав на Ѓорче, дека и ние ќе помогнеме, но сакаме од тоа да се искористиме и ние. Го убедивме офицерот во наша полза, и Ѓорче се согласи. На истиот начин се снабдивме со пушки и во Варна, каде зедовме 60 пешадиски манлихерки. Иницијативата беше наша. Тоа беше во април. Еден дел од пушките ги испратив за населението внатре во Одринско, за комитите набавував и берданки и мартинки. Во крајот на април поголем дел од четага беше веќе во с. Гергебунар. Таму узнав за убиството на Делчев (беше убиен на 22 април); ни пишуваа од Софија. Со нас беше Силјанов, беше дојден од Грција. Тој ми беше ученик во Битола. Месецот мај го поминав уште во Бугарија до средината на јуни, постојано обземен со грижи за вооружување. Браќата Ивановн си правеа игри со нас. Се подготвуваа повеќе од 1.000 бомби, и тие беа изготвени. Во Стара Загора се подготвуваа, а еден дел ги полнеа дома. Тогаш дојде до експлозија на бомби. Во половината на јуни влегов во Турција. Најпрвин го испратив Кондолов, со еден дел од четата за да избере место ксј ќе се одржи конгресот. Тоа се наоѓаше на околу 6 часа пат навнатре, кај с. Стоилово, во шумата, во месноста Петрова нива.
Откако добив известување дека сe е подготвено, со преостанатиот дел од четата заминав за внатре. По три-четири дена на одреденото место пристигна еден дел од легалните делегати на конгресот: Думев од Одрин, Катерински од Мустафа Паша и др.. Од нелегалните учество зедоа сите војводи. Конгресот се отвори на Петровден и траеше четири дена. Имаше околу 50 - 60 мина членови на конгресог. Премините и чуките наоколу беа пазени од комити. Претседаваше Васил Пасков. Секретари на конгресот беа Хр. Силјанов и Ат. Разбојников. Последниов беше легален претставник од Бунархисар. Тој беше пуштен од затворот во Скопје. Со него заедно учителствувавме, па се познававме. Јас му предложив да биде пограничен началник во Бургас, за идното востание. Тој дојде и на конгресот. Главно место зазеде прашањето за востанието, дали да се востанува или не. Зедов збор, ја изнесов положбата во Македонија, потем положбата во Одринско, колку сме подготвени за востание, колку се подготвени Македонците. Го изнесов решението на Македонците прифатено во Солун, а имено дека ќе кренат востание. Го поставив за расправа следново прашање: дали сме подготвени да востанеме и ние со Македонците или не? И ако не сме подготвени дали ќе бидеме во можност кога и да е самостојно да се кренеме на востание? Сите се согласуваа дека не сме сосем подготвени за востаиие. На Думев му беше забележано оти гласал за востание, а тој одговори со познатиот одговор дека гласал како воденчанец. На второто прашање одговорија одречно. Според тоа се наложи заклучокот дека ако сега не земеме учество македонската организација ќе се растури, па потем нема да можеме, колку и многу да зајакнеме, да сториме ништо од своја страна. Се донесе решение да востанеме и ние. Само Катерински кажа дека тој е против секакво востание, и е ополномоштен од својата околија, Мустафа Паша, да изјави дека е против востанието што не може да има добри последици. Тој се искажа за дејствување на Организацијата повеќе во културна одошто во револуционерна насока. Но прашањето беше веќе решено, и затоа конгресот му предложи на Катерински да го напушти конгресот, бидејќи беше донесено решение, што сите кои и понатаму ќе учествуваат во работата на конгресог ќе треба да учествуваат и во востанието. И Катерински беше отстранет. Датата на македонското востание беше определена за 10 јули. А пак јас им кажав само дека наскоро, мошне наскоро, ќе дојде до востанието, без да ја споменувам датата. Бидејќи ние не бевме подготвени, конгресот телеграфски ми даде полномошно да побарам од ЦК да го одложи востанието, најмалу до почетокот на август. Јас му го соопштив тоа на претставништвото во Софија. Потем направивме увид со какво оружје и со што луѓе ќе располагаме и го поделивме целиот Одрински вилает на револуционерни реони и секој реон на револуционерни участоци. Еден участок обично опфаќаше едно-две села. Ние сметавме најмногу на 4.000 пушки на членовите на „смртните дружинки", што во Македонија се викаа „селски чети". Реонската чета беше повеќе агитациона. Секој од војводите на смртните дружинки беше избиран откако помине одреден стаж во четата. Воената обука беше задача на смртните дружинки. Имавме мнозина луѓе што беа служеле воена служба во Бугарија, и тие многу ни помогнаа. Во секој участок назначивме по еден одговорен војвода, кој да се грижи за сe. Имавме 6 реони, но главните реони, одредени да претставуваат операциона база, беа малкотрновскиот и дел од лозенградскиот реон. Тие два реона беа поделени на 12 секции. Тогаш уште не знаевме ништо за Смилевскиот конгрес во Македонија и за неговите решенија. Имаше едно окружно упатство од Матов, како да се дејствува во случај на општо востание, но него не го користевме, бидејќи она што се препорачуваше во него беше неприменливо. Избравме врвно борбено раководство: Лазар Маџаров, Стамат Икономов и јас. Стамат Икономов е малкотрновец, резервен капетан, одамна веќе во оставка. Пред да отиде на конгресот, тој ме најде во Бургас, и посака да влезе во Организацијата, без да знае дека ќе има востание. Јас го примив со драго срце, бидејќи е чесен, со радикални погледи и воопшто добар. Тој дојде на конгресот, и претставуваше за нас скапоцена придобивка како воено лице, а особено затоа што беше малкотрновец, па се надевавме дека ќе ја придобие довербата од малкотрновци. И не се излажавме во него. Тој веднаш се здоби со симпатиите од сите, и беше избран во борбеното раководно тело. Затоа своето место му го отстапи Конделов. Кога веќе бевме при крај во работата на конгресот, едно одделение турска војска, без да знае за нас, натрапа на нас. Претходниците открија оган. Штом ја слушнав стрелбата зедов едно одделение, и отидов на помош, го одбивме турското одделение. Од Турците останаа во шумата двајца мртви, а по пат умреле уште три - четири мина. Во меѓувреме секретарите ги запалија записниците од конгресот, па потем по сеќавање востановија што се решавало. Пред да ја завршиме работата на конгресот, им предложив на другарите да ме ослободат од востаничка работа во Малкотрновско, за да отидам во гр. Одрин, така што во тоа време, кога тие ќе кренат востание, јас со помош на ерменските револуционери во Одрин да извршам неколку терористички акции, за да ја задржиме троа турската војска. Другарите со многу добра волја ја прифатија идејата да се извршат терористички акции во Одрин, но не се согласија за нив јас да отидам. Не здогледував кој би можел да ме замени. Даев сам ја предложи својата готовност, и беше прифатен, под услов сам да си ги избере другарите Бугари. Ерменците во Женева велеа дека се мошне јаки во Одрин. Се мислеше да се дејствува преку Женева. Другарите ми дадоа 15 дена отпуска, да отидам во Бугарија, за да ги подготвам експлозивите и да се среди со каналот за Одрин. Конгресот заврши со работа и сите си заминаа во своите места. Ние страхувавме дека во време на востанието претставништвото на В.О. може да не изигра за нешто, и затоа посакавме да има и еден одринец, член во тоа претставништво. Го избравме Павел Ковачев, што беше учител во Одрин. Мнозина од легалните делегати посакаа да се сместат блиску до границата како началници на пунктови. Бевме решиле дека сите кои биле на конгресот, треба да земат учество во востанието па тие гледаа да се извлечкаат. Ние им излеговме во пресрет на желбата, бидејќи и без тоа се гледаше оти од нив нема да има многу полза. Го зедов со себеси Даева, и заминав во Пловдив, бидејќи огранокот на Женевскиот ерменски револуционерен комитет беше во Пловдив. Во согласност со овој огранок им напишавме на Револуционерниот комитет „Дрошак" во Женева, да ни услужат во Одрин со двајца-тројца свои луѓе, за да ни се најде засолниште, бидејќи нашите луѓе во Одрин не ги биваше за тоа. Ги подготвив експлозивите дома кај мене во Пловдив (бомби, динамитни запалки-детонатори) и ги испратив на одринската граница, за да бидат пренесени во град Одрин. Телеграфиравме во Солун и Битола, во согласност со решението на конгресот, да се одложи востанието. Ни одговорија дека можат да го одложат за најдоцна до 20 јули, затоа, кога вивна востанието во Македонија, јас бев во Пловдив, па и другарите внатре не знаеја, па ние не пуштивме наши весници во Одринско. На самото борбено раководно тело му беше предоставено тоа да го одреди денот на востанието во Одринско. Ние, од борбеното раководно тело, си бевме определиле да се најдеме одреден ден над селото Мегалево, на еден планински врв. Во согласност со ЦК (со претставниците Матов и Татарчев), средивме да се испратат по пругите во Македонија и Одринско во сандаци пеколни машини (со часовници), што ќе експлодираат на турска територија. Имаше подготвени такви шест-седум сандака. Еден сандак испративме по насоката за Скопје, преку Србија. До Софија го придружуваше Даев. Часовникот ја одредуваше експлозијата најмногу за 12 часа; експлодира во Зибефче. Еден друг сандак се испрати од Пловдив за Солун преку Одрин, беше курдисан да експлодира над големиот мост на Марица, а ексллодира на станицата во Кулели Бургас. Таму имаше убиени околу 40-50 мина, но Турците го скрија тоа. Еден друг сандак требаше да биде испратен за Цариград, но тој експлодира дома кај нас. Еден сандак (куфер) преку Варна во паробродот „Васкапу" експлодира кај Бургас, а требаше да експлодира во цариградското пристаниште, но по грешка експлодира порано. Сите овие работи беа екследирани по моето заминување за Одрин. Го оставив Пасков дома да варди. Пред тоа ги убедив мајка си и татко си летото да отидат во Копривштица, без да им наведувам причина. Знаев дека е опасно, дека може да дојде до експлозија. Експлозијата се случи во дворот (40 кгр. динамит!). Едната куќа беше разурната и беа убиени тројца: едно момче, Петров, од Карлово, едно велешанче (Књахчето) и една госпоѓица - Маријка Караџова, дојдена случајно да бара некоја своја пријателка. Јас бев веќе во Одринско, на пат, бев кај своите другари. Експлозијата се случи на 26-27 јули. Веднаш на 21. преку Бургас и преку с. Бургари заминав. Се најдов со другарите. Го оставив Даев во Бугарија; тој отиде во Варна да бара другари, а Пасков остана во Пловдив да раководи со испраќањето на оние сандаци. Во крајот на јуни (28-30) се сретнав со Маџаров и Икономов. Им соопштив дека во Македонија е веќе прогласено востание, и дека ние треба да побрзаме со нашето востание. Решивме востанието да го кренеме во текот на ноќта на 5. спроти 6, август. Конгресот не ни беше определил никаква акција; ние самите ќе раководиме со востанието, без да влегуваме во битка Ова ни се стори непрактично. Јас предложив секој од нас да преземе по една самостојна акција, и тоа на територија, што да биде подалечку од територијага на Организацијата. Им дадовме општ план за дејствување на војводите: им беше предоставена широка иницијатива, да се трудат сe дотогаш додека Турците се исплашени, да заземаат офанзивен став, да не се вовлекуваат внатре во турска територија, а кога ќе се најдат принудени да отстапат, да гледаат пред сe населението да биде запазено, па тогаш да отстапуваат тие.
Издадовме едно окружно упатство, сите револуционерни началници на одделни револуционерни секции да ни дадат податоци за тоа какви одделни офанзивни акцни ќе може да преземе секој од нив, и колкав број турска војска може да најде против себе. Исто така на секој од нив им испратпв по еден од часовниците, што ги бев купил од една иста фабрика, - сите еднакви, монтирани еднакво, за да се сообразуваат токму според времето на нив, па револуцијата да ја започнат точно во 3 часот изутрината на 6 август. Ние тројцата си избравме една акција на три различни точки и надвор од определените секции. Бидејќи немавме луѓе на свое располагање, решивме секој да земе 50-60 мина од соседните секции. Маџаров го избра селото Дереќој во кое беше сместено едно одделение војска, на патот Лозенград - Малко Трново, стратегиски пункт, за да се спречи бегањето на малкотрновската војска, и да не дојдат нови војски од Лозенград накај М. Трново. Ст. Икономов го избра селото Узунќој, гркоманско село, во кое исто така престојуваше еден гарнизон, што можеше најлесно да и дојде на помош на војската што се наоѓаше околу селата Велика, Мегалово и др.. Таму тој требаше да ги варди и јужните падини на Странџа од можното доаѓање на војски од Бунархисар. Јас го избрав гратчето Василико, околиски град, во кој имаше гарнизон војска и околиска управа и други установи и пристаниште, за да не не удрат во тил со десант на турската војска. Освен ова на множество селски војводи од пограничните бугарски села во Одринско им определивме во иста ноќ да ги нападнат сите турски стражарски места на граничната линија, од морето по целата должина на границата до р. Марица, да ги изгорат караулите, и да не ги остават да се соберат, туку да ги преследуваат. На таков начин го имавме четириаголникот заштитен од сите страни. Војводите ни јавија какви акции имаат намера да преземат. Ние ги одобривме сите нив, затоа што ни се чинеа практични. Имаше уште едно прашање: дали да ги закачаме турските села или не? Икономов беше за, Маџаров беше против. Јас бев да не ги оставаме на мира, бидејќи речисн сите турски села таму беа мухаџири (преселенци) тие не го оставаа на мира нашето население, беа вооружени и можеа да не нападнат со башибозук. Таму меѓутоа, имаше само четири турски села, - таму бугарското население е компактно. Се постави и едно друго прашање: дали да го нападнеме градот М. Трново или не. Икономов беше на мислење уште по првите акции, што ќе бидат извршени првата ноќ, сите чети веднаш да се упатат кон М. Трново, таму да се групираат, и да го нападнат. Маџаров, што мошне недамна беше поминал низ градот, знаеше дека во градот имало многу војска, па е сомнително дали ќе успееме, а сосем е сигурно дека ќе го подложиме на колеж бугарското население во градот. Јас мислев дека најпрвин би требало да се провери колку војска има во М. Трново, и ако ги има повеќе од 500 мина, да не напаѓаме, а пак само ако се помалу да нападнеме. Освен тоа бев на мислење дека не би било добро да ги оставиме реоните веднаш без оружена сила, па со тоа да бидат изложени да не удрат од тил. Испративме луѓе да узнаат во самиот град колку војска има токму. Ни еден селанец не можеше токму да ни објасни. Едни велеа дека имало 5.000 дури 10.000, а најмалата бројка беше 2.000. Се разбира, ние решивме да не нападнеме на градот. Потем се разбра дека таа ноќ таму имало само 300 мина војска, та прекрасно сме можеле да нападнеме и да го преземеме градот. Туку за тоа узнавме доцна. Пред да се разделиме си рековме, наместо пак да се собираме наедно, подобро е да си ја распоредиме работата и секој да земе по една третина од целата револуционерна област, па да обиколува низ неа и да дава распоредување. Јас го зедов источниот крај, јужииот го зеде Икономов, а Маџаров западниот. Северниот крај го оставивме така, бидејќи таму беше границата, и бевме уверени дека ќе се ослободиме од војниците што беа на границата. Таму го бевме испратиле Шиваров да го нападне гарнизонот (караулата) во Граматиково, и да провери дали турските стражарски места се разгонети. Се разделивме. Со мене дојде и Силјанов, што беше постојано со нас како секретар. Пасков беше во Бугарија, а во време на востанието тој остана во Бургас. Заминав со двајца-тројца - со Карчо (род. од Кукуш), што ми беше другар уште од времето кога бев со чета во Кукуш. Карчо го убија подоцна заедно со Дамјан Груев. Отидов во реонот на Петар Ангелов, што ги држеше селата Пиргопуло, Блаца и Маџура. Во Блаца со Бугари - гркомани, особен вид фанатици - играат врз оган. Тие зедоа учество во востанието, тие се задушени сред грчки села во василиковската област. Таму се сретнав со П. Ангелов. Тој недамна беше извршил една работа, што за малу ќе создадеше опасна афера. Го запрашав што мисли да прави во време на востанието. Тој ми одговори дека немал некој посебен план, имал намера да ги нападне малите патроли. Јас сметав дека е подобро да се урне кулата светилка во Инијада и пристаништето. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||