АЛБАНЦИТЕ И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ | ||||||||
Веќе споделив со читателот каков бил односот на албанските првенци кон македонското движење и неговата политичка цел. Тие, бар на книга, сакале соработка во борбата против заедничкиот угнетувач; ја прифатија нашата цел – независна Македонија; и не претендираа со територијални претензии врз македонската земја, освен за градот Дебар, чијашто судбина би била решена со плебисцит. Во такви услови потпишаа и протокол во 1923 година. Беше пристигнат во Софија, ако добро помнам, во 1933 година; побарал наши пријатели, кои ме известија, дека сакал да се сретнеме. Придружуван од преведувач, дојде во едно македонско село и останавме заедно неколку часа. Ми остави одличен впечаток како соговорник. Имаше нешто многу пријатно во таа мудрост, измерена шеговитост, спокојство и специјален такт, така видливо препознатлив, дека тој е формиран во турско-ориентална политичка атмосфера. Го испратив далеку од селската куќа во којашто разговаравме. Додека го снема од мојот поглед постојано ми мафташе со раката за поздрав, јавнувајќи едно оседлано коњче и придружуван од еден наш другар. Откако се прибрав во куќата видов дерка си го заборавил бастунот. Испратив друг другар да ги пристигне и да му го предаде. Го пристигнал, но љубезниот Хасан-беј не го зел бастунот, и нарочно го замолил другарот да ми го предаде како спомен од нашата средба. По најважното прашање, кое што ме интересираше, тој ми кажа: - Што се однесува до обединување на Македонија со Бугарија, ние Албанците ќе настојуваме да влезат во албанската држава оние места од македонските околии, каде мнозинството од населението е албанско. Но ако се создава независна Македонија, тие области треба да останат во нејзините граници; т.е., ќе постапиме сите така, како што се сдлучило во Швајцарија. - Тоа не е многу трагично прапшање, одговори Хасан-Беј насмевнато. Заради добрите односи меѓу Албанија и утрешна слободна Македонија тие неколку села еднакво спокојно можат да бидат во албанската, било во македонската држава ... Тој настојуваше да се постигне потесна соработка меѓу трите најзастрашени народности во Југославија – македонските Бугари, Хрватите и Албанците. Ми говорерше во духот на следниот споразум, кој и хрватите настојуваа да го прифатат како база за една заедничка поефикасна борба: „Меѓу Албанците, Хрватите и Македонците, претставувани соодветно од г.г.Хасан беј Приштина, д-р Анте Павелич и Иван Михајлов, се договори следното: 1. Албанците, Хрватите и Македонците ќе ги концентрираат сите свои напори во една заедничка акција, насочена не само против сегашниот режим во Југославија, туку исто така и против пансрпските е хегемонистички тенденции на Балканот, имајќи како крајна задача ослободување на на сите националности, кои што се наоѓаат под сегашното српско владеење, како и создавањето и зголемувањето на независна Хрватска, Албанија и Македонија во нивните историски и географски граници. 2. Помеѓу тие држави ќе ги има долупосочените граници: а) Границата на Албанија од кај Косово ќе биде турската граница од пред Балканската војна. Градот Нови Пазар ќе остане во албанска територија, како последица на тоа ќе се определи хрватско-албанската граница преку еден стратегиски пункт. б) Северната граница на Македонија почнува од планините Рила и Осогово до врвот Патерица; од таму на запад следува вододелот меѓу реките Вардар и бугарска Морава до Скопска Црна Гора кај Скопје; после оди по сртот до клисурата Качаник, продолжува по главниот венец на Шар до Црниот Дрим и Охридското езеро, вклучувајќи ги басените на Охридското езеро и Преспа, оди по вододелот на реките Девол и Бистрица и завршува кај планината Грамос. 3. Се разбира, само од себе си, дека независните држави Албанија, Хрватска и Македонија, во своите граници ќе гарантираат, преку своите устави и закони, полна слобода на јазикот, религијата и совеста, како за своите граѓани, така и за граѓаните на сојузничките држави. 4. Трите договорени страни взаемно ја гарантираат ненарушливоста на сегашната согласност и свечено се задолжуваат да го преследат заедно остварувањето на идеалот за независност, помагајќи си заемно по сите возможни начини и во случај на една либерална промена на режимот во Југославија. 5. Трите договорени страни се задолжуваат да установат една заедничка линија на односи со државите, кои ќе се однесуваат благонаклоно кон сегашната согласност. 6. Трите договорени страни се задолжуваат да бидат во тесна врска и да направат сe возможно, за да се олесни успехот на акцијата. 7. Сегашната согласност може да се рашири и со други потиснати националности во Југославија, кои би се присоединиле кон заедничката акција , како на пр. Словенците, Црногорците, Унгарците и др. Се разбира, меѓутоа, дека трите основни договорени страни ќе ја определат заедно линијата на поведение, која што треба да се следи со новите придружнички. Склучен и потпишан во три примероци на дваесет и четврти април илјада и деветстотини и триесет и третата година.“ Се имаше појавено и еден проект за заедничка граница меѓу слободните Македонија и Хрватска. Јас се спротивставив на тоа. Ги истакнав овие причини пред другарите: а) Силата на нашата борба е токму во слободата на народностите, која што таа ја предвидува; така што – не можеме да ги повредуваме правата на Албанците во Косово; б) Македонија и без тоа се состои од различни народности; нема полза ако – против нивната воља – би грабнала други народности вон од нејзините историски граници, кој што светот ги прифаќа, а и населението во Македонија по традиција ги означува в) Нашата борба против Југославија е борба на потиснатите народности; неразумно би било во исто време да си создаваме борба меѓу самите поитиснати народности. Накратко, кога се бориме за слобода, не можеме и не бива да минеме самите ние како поробувачи. Не бива косовските Албанци да помислат, дека ние сакаме да ја замениме српската власт во нивната татковина; и тие така ќе помислат. Хасан-Беј Приштина беше уверен, дека наскоро ќе игра голема роља во општоалбанските работи. Бев до негде изненаден, што тој така брзо, ушти при нашето прво познаство, ми поивери една своја голема тајна: ќе немало да мине многу време и Ахмед Зогу, албанскиот крал, ќе бил соборен. Ми се чини, дека неговата недоискажана мисла беше оваа: Хасан-Беј, ќе го заземе – под една или друга форма – местото и рољата на Зогу. Природно, јас со никого не споделив што чув од гостинот. Но мина сосем малку време и весниците соопштија, дека од некој Албанец во Солун бил убиен Хасан-Беј Приштина.
Иван Михајлов („Спомени“, т. III) |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||