Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
///////
Илинден - симбол на слобода и сплотеност - Христо Татарчев

Илинденското востание, на кое што македонскиот Бугарин ќе му ја празнува триесетгодишнината, беше сеопшта сенародна фантазија, под чиј што импулс и вера Македонија се подготвуваше редица години и ги даде сите возможни морални и материјални жртви за овој голем момент. Тоа требаше да дојде после една долгогодишна револуционерна дејност.

Овај настан е колку грандиозен, толку и величествен во историјата на повторното враќање на слободата, по замислата, целите и планомерноста во неговата примена, како и по ентузијазмот, реткиот подем и самопожртвувањето на робот против многувековниот угнетувач на неговата татковина. Македонскиот Бугарин тука се истакнува со својот возвишен дух, силен карактер и нескршлива воља, и со тоа се издигна себеси во таа борба за постигнување на својот идеал - слободата на Македонија, како силен народ со јасно оцртана народносна физиономија, чувство и сознание. Воопшто, неговото историско значење се состои не само во онаа масовна интензивна стихијност, со којашто со месеци се водеше востанието по целата земја и со кое што на еден најсугестивен начин, можеше да се протестира против европската дипломатија, што ја поддржуваше тиранијата во Македонија, - туку предимно во личната и колективната пожртвуваност, во онаа нескршлива воља, којашто го издигна Македонецот во бескрајна висина, со акцијата за конкретизирање на потпалувачката и движечка идеја за слободата. Тој со својот храбар замав ги раскина синџирите на многувековното ропство, на она кое со векови претставуваше поим за малодушност и немоќност на робот против моќната турска империја, и за брзо време стана господар не само на шуми и полјани, туку и на цели населби. Неговото знаме „слобода или смрт“ долго време гордо се веело во убавиот град Крушево. Дваесет и пет илјади македонски борци, најпримитивно вооружени, со ретка енергија и пожртвуваност ја бранеа каузата на слободата, наспроти 350 000 редовна турска војска, додека најпосле зимата не му стави крај на борбата. Устремот на македонскиот борец во таа нерамна но голема борба, беше дело проткаено од возвишен идеализам и безгранична синовска љубов кон родната земја, како и од длабоко сознание и вера за создавање на слободата на Македонија. Таа борба особено, ја создаде илинденската епопеја и ја покри нашата татковина со вечна слава и духовна сила, којашто ќе блеска на вечни времиња во тој крај. Воопшто, Илинденското востание е ореолот на една моќна и свесна народна воља, на натприродна човечка акција, пројавена во името на еден светол идеал - слободата. Таа беспримерна акција на живот и смрт, на безбројните идејни родољуби за слободата на родот и татковина, подеднакво ја полни душата на Македонецот со почит пред скапите жртви и со гордост и восхитување пред епските херојски подвизи што го овековечија ослободителното дело.

Борбите понесени од македонскиот бугарски народ пред и за време на востанието за слободата на Македонија, го зајакнаа и раширија неговиот мироглед по разбирањето на животот и создадоа една неразделна врска меѓу него и делото, - успех, кој не може да биде никогаш избришан. Воопшто, магичниот ефект на Илинденското востание и неговиот прекрасен блесок, ќе се засилува со текот на времето и ќе биде светилник – водечка звезда на македонските борци наспроти стрмната Голгота во нивната борба; динамизам, - кој секогаш ќе го стимулира и ќе ја зацврстува нивната воља и енергија, за создавање на нови легендарни подвизи во ослободителната македонска историја.

Вечен спомен за паднатите! Нека живее вечно нивното големо дело!

Торино, 12 јули 1933 г.

В. Македонија, бр. 202, Софија, 18 јули 1933 год.

<<Назад | Почеток

granicnik