Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
III Конгрес

Од 2 до 4 јануари (стар стил - четврток, петок и сабота) 1903 година се одржал Солунскиот конгрес на ВМРО, познат како Јануарски конгрес. Конгресот се отвори на 2 јануари, во физикално-математичкиот кабинет на Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун. На конгресот присуствуваа вкупно 17 делегати, сите до еден легални работници. Ц.К. го претставувале: Иван Гарванов, Спас Мартинов и Димитар Мирчев. Делегати станале и двајцата заслужни дејци, тукушто ослободените од неколкугодишно османско заточение, штипските револуционери Христо Поп Коцев и Тодор Лазаров. Главнината ја сочинувале претставници од 12 реони и тоа:

  • Од Солунскиот револуционерен реон – Иван Сапунаров;
  • Од Битолскиот – Атанас Лозанчев; 
  • Од Цариградскиот – Никола Петров;
  • Од Одринскиот – Велко Думев;
  • Од Серскиот – Лазар Димитров;
  • Од Скопскиот – Димитар Ганчев;
  • Од Струмичкиот – Иван Ингилизов;
  • Од Велешкиот – Тодор Пејков;
  • Од Радовишкиот – Георги Варналиев;
  • Од Гевгелискиот – Никола Хрлев;
  • Од Кукушкиот – Христо Влахов;
  • Од Воденскиот – Димитар Занешев.

Не пристигнале поканетите претставници на Штипскиот револуционерен округ и на Тиквешката револуционерна околија.

Посебно биле поканети Гоце Делчев и Глигор Стефанов Попев, кои не присуствувале на Конгресот.

За претседател на Конгресот бил избран Иван Гарванов, претседател на Централниот комитет, а за секретар Димитар Мирчев, поранешни први луѓе на спогодбено згаснатотро Тајно бугарско револуционерно братство.

На третото заседание, на 4 јануари, кое траеше само час и половина се прифати и потпиша ПРОТОКОЛОТ за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјасни само серскиот делегат Л.Димитров, но на крајот и тој се присоедини кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Дим.Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието „бар на една година“, исто го потпиша затоа што „и другите потпишале“.

Во протоколот се говори за „претставници на реони“, кога некои од делегатите не претставуваат одделни реони туку цели револуционерни окрузи. На конгресот отсуствуваат творците на Организацијата. Од нив Д.Груев е сеуште на заточение. Хр.Матов, д-р Татарчев и Пере Тошев се амнестирани, но истовремено и „екстернирани“ во Бугарија. Во Софија во тоа време се наоѓа и Г.Делчев.

Нај важниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – беше до извесен степен демантиран од уверувањата на Ив.Гарванов, дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од Бугарија ќе префрлат значително количество пушки и други материјали.

По донесување на решението за востание од страна на Солунскиот – Јануарски конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието.

На тој начин црелокупниот организационен механизам на ВМРО бил ставен во движење.

<<Назад | Почеток