Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Демографија


Општина Сопиште, според територијалната поделба на Република Македонија, се вбројува во средно големи општини. Распространета во централниот дел на територијата на Република Македонија општината зафаќа површина од 223, 53 м2.

Бројот на населението е релативно стабилен, со тенденција на бавен природен раст. Покрај Македонците (4/5), во општината живеат и национални малцинства (1/5), како што се Албанци, Турци, Срби и други. Популацијата е млада со 26% застапеност на жители до 15 години. Старосната структура е од стационарно-експанзивен тип поради високото учество на населението под 15 години (26%), при што 63% (6058 лица) се во групата 15-59 години, а над 60 години има вкупно 1047 лица, или 11% од севкупната популација. Ваквата состојба наведува на заклучок дека општината има висок потенцијал за развој. Високиот природен прираст во минатото, кој што денес е во процес на опаѓање и стационарно-експанзивната старосна структура се должи на две карактеристики на популацијата на Општината:


а) висок природен прираст во четири населби со население од муслиманска вероисповед (1/5 од вкупното население);

б) демографската стабилност на популацијата во некои од населбите во приградската зона на Скопје, каде степенот на регресија на населението е правопропорционален со оддалеченоста од скопската агломерација и отсуството на функционално-атрактивни фактори.


Општина Сопиште е меѓу ретките рурални општини која бележи позитивен раст во периодот 1961-1994 (населението се зголемило за вкупно 32% или просечно годишно за 9,7 промили, а денес природниот прираст е 5,3 промили).


Густината на населението изнесува 43 жители на км2. Првото село е оддалечено 4 км од градот. Според последните официјални статистички податоци од пописот извршен 1994 година, во Сопиште има 9684 жители раселени во 14 селски населби од збиен тип, со карактер на рурални планински и рамничарски места. Едно е рурално место на средно стрмен терен и две се со карактеристики на приградски населби на главниот град.


За населени селски места се сметаат:

Припор,
Сопиште,
Ракотинци,
Добри Дол,
Горно Соње,
Долно Соње,
Барово,
Говрлево,
Чифлик,
Св. Петка,
Јаболци,
Нова Брезница,
Држилово,
Патишка Река.


Основни дејности на поголем дел од населбите се сточарство и полјоделство, кои што не ги задоволуваат потребите и можностите за развој заради нискиот капацитет, немање вода и неповолни услови на пазарот. 

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани