Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

 

ПРОТИВ ПРОПАГАНДА

 

     Пропагандата значи организирано ситематско убедување. Во обидите за ситематско убедување се вклучени рекламите и секторите за односи со јавноста како и политичките и владините обиди за убедување. Нивната активност во иднина ќе биде пософистицирана и поорганизирана, односно неурамнотеженоста помеѓу убедувачите и убедените (обичниот човек) ќе се зголеми. Од една страна ќе имаме убедувачи кои користат добро платени агенти, колабористи, плаќаат телевизиски и радио емисии, прават видео спотови и други средства за пролиферување на нивната агенда, кауза, цел или производ. Од друга страна ќе имаме обични луѓе, кои незапознаени со начините на делувањето на убедувачите стануваат лесен плен на активностите на систематското убедување (манипулација).

     Во нашето општество денес оваа неурамнотеженост е голема, замислете во иднина колкава ќе биде доколку тие станат пософистицирани и поорганизирани.

    Целта на овој сајт е да го намали тој јаз, да му пружи самозаштита на обичниот човек од манипулациите кои се одигруваат секојдневно во нашето општество. Поаѓајки од фактот, колку повеќе лица ја познаваат тематиката на организираното убедување толку потешко ќе биде да се манипулира со нашето општество. Едноставно да се стави крај на контролата врз нас како поединци и како народ. Да се ослободиме од наметнатите ставови кои не се во наш интерес а се вметнати во нашето општество од разни не толку благонаклонети кон нас како народ извори.

Пропагандата може да се стави во две општи категории а тие се:

 

1. Командувачка пропаганда- пропаганда која бара специфичен и брз одговор: Купи... Направи... Придружи се... Бори се...

 

2. Навикнувачка пропаганда- оваа категорија на пропаганда се користи за создавање и насочување на јавното мислење, претпоставки, и ставови со цел ефектот постигнат да биде долготраен, често како основ за понатамошна Командна пропаганда која следува.

 

     Како реалност треба да имаме во предвид дека моќ постои, постои и слабост. Моќните својата моќ со радост не ја предаваат на "слабите". Целосна еднаквост во едно општество не може да се постигне но, борба за некакво изедначување на моќта е подобро отколку подреденост. Кога некои делови на општеството стануваат премногу моќни други делови од општеството треба, односно мора да бара или да се бори за урамнотеженост. Како што организираното убедување станува пософистицирано така треба да се повлекуваат чекори за спротивставување на ефектите од убедувачите (манипулаторите). Значи, информираноста на обичните луѓе за тоа како се спроведуваат пропагандни активности треба да се интензивира. Овој сајт тоа ќе ви го овозможи. ќе ви овозможи да се информирате како да се спротивставите и да им ја намалите моќта која ја имаат врз вас и да се заштитите од нивната контрола.

 

Назад