* Љубовта е Предизвик секој ден да
напредуваш, да
даваш повеќе, да сакаш повеќе, да учиш повеќе.
Постојано да се движиш, да
одиш чекор напред, да бидеш подобар, посовршен, секој ден подвиг.
Капка
по капка Извор, од повеќе извори во тебе ќе потече Жива Вода, река на
вечниот Живот.
* Љубовта е нежна. Љубов е одлука безусловно да даваш
нежност.
Љубовта е тивка, мирна, послушна. Љубовта шепоти, Љубовта
верува, Љубовта се надева.
* Љубовта е вечна и неразделна.Љубовта
е одлука да бидеш верен.
Ние сме верни на Небесниот Татко, верни
на семејството и сите ближни.
Верни на природата, реките, шумите,
океаните, горите и целото создание.
Љубовта е одлука да бидеме бескрајно
блиску до оние што ги сакаме, да им го подариме нашето присуство и близина.
* Љубовта соеднинува во Едно. Адам, Ева
и Бог. Ние сите луѓе, сите ангели, целото создание и Бог.
Само вистинска и совршена Љубов може да
соединува, од повеќе да направи едно, од целото создание прави едно.
Во Божјата Љубов сé станува Едно. Јас и
ти сме едно ако во себе го носиме небесниот и светиот Бог во своето Срце.
* Љубов е бескрајна Молитва на нашиот Дух.
Љубовта е молитвена. Името Божјо е наша
постојана Молитва.
Љубовта секогаш го спомнува Името на
Саканиот и секогаш го повикува.
Името на оние што ги сакаме е секогаш
во нас, секогаш во нашето Срце.
Името на Светиот Бог е силно изрезбано
во
духот и Срцето на оние кои
Му се доближуваат, тоа Име ни дава Живот.
* Љубов е најубава музика, најубавата
уметност во која ние
Го прославуваме Светиот Господ.
Го прославуваме со сите наши сили, со
сите Сетива, со целото Срце, со целото
тело и со целиот наш Разум.
И целосно себеси и целиот наш живот на
Господ му го предаваме, Господ на Небото и Земјата.
Во оваа Љубов, нашиот Дух радосно го предаваме во
рацете Божји, Бог да нé помилува,
да не освети и да нé
Воскресне.
Целосно се предаваме во Неговите
раце и гледаме дека Господ е сé во
нашиот живот.
Господ е Извор на секоја Радост. Бог е се. Љубовта е Се.
Без Љубов не можеме да живееме
* Љубов е
Радосна Игра во која Бог се сокрива а ние молитвено
Го бараме неговото Лице
Ние сме деца на
Отецот Небесен, деца на
светиот Бог,
деца на Светлината, Радоста, Љубовта и Вистината.
Љубовта е Духовна Игра во која учествуваме ние и Бог, сите ние
сме деца кои си играат во Царството Небесно.
Бог не создаде за ние да го
прославуваме во сите векови, да пееме: Свет Си, Свет Си, Свет Си, Господи.
* Љубов е бескрајна наука. Секогаш учиме да бидеме подобри и да
имаме повеќе Љубов во себе.
Се учиме на Дисциплина, Послушност,
Контрола, Здрав Духовен Живот, Одговорност, Нежност...
Нашиот
учител е Господ Исус Христос и Он сака да не научи да бидеме
Совршени.
Љубов е да го проучуваш учењето кое
доаѓа од Бог. Ги слушаш и ги исполнуваш Неговите
Зборови.
Кога живееме според
светото Божјо Слово, ние се исполнуваме
со
духовна и
вечна Љубов.
*
Бог е Љубов. Неговиот Син Господ Исус Христос е
Љубов. Светиот Дух е Љубов
Кога ние живееме според Светите Зборови
на Светиот Бог, тогаш Бог се вселува во нас, тогаш и ние сме Љубов.
Бидејќи Бог е Љубов. Неговата природа е
Љубов. Неговата
светлина е Љубов. Неговите
зборови се Љубов.
Само оние кои се соединуваат неразделно
и постојано со Бог можат да ни раскажуваат каква е Љубовта.
Господ Исус Христос Сведочи: Јас сум во
нив и тие се во
Мене, за да бидат во се, едно.
Тие што учествуваат во Љубовта
Божествена постануваат едно помеѓу себе.
Бог со својата Љубов ги соединува
пријателите, семејството, родителите децата и сите луѓе.
А ние кога читаме и кога слушаме за
Светите Луѓе кои иако живееле пред многу години и векови
Авраам, Мојсеј, Давид, Исаија, Даниел
..
апостолите,
светителите,
учителите, Св. Антоние, Св. Василие, Дева Марија ..
Ние и со
нив се соединуваме, бидејќи истата Љубов не соединува, а тоа е Љубовта која
произлегува од Бог.
*
Љубовта е Одлука. Ние одлучуваме безусловно да го
прославуваме Господ во сите векови
И да ги пазиме неговите Зборови како
нешто најсвето, најскапоцено и непроценливо за нас.
Слично, мажот и жената одлучуваат дека секогаш ќе бидат блиску еден до
друг и ништо нема да ги раздели.
После одлуката за Љубов, после влегувањето во
љубовна
заедница,
човекот е должен
бескрајно да сака.
Без разлика на чувствата,
околината, на материјалното богатство бидејќи Љубовта е
неразделна и вечна.
Љубовта
е многу повеќе од чувства и емоции. Чувствата се менуваат постојано. Тие доаѓаат и си одат.
Некогаш се прекрасни, некогаш
непријатни, некогаш чудни и несфатливи. А некогаш воопшто ги нема.
Животот не смееме да го водиме според
чувствата, чувствата кај сите луѓе се менуваат постојано.
Љубовта е
одлука да живееш според Законот
Божји. Кога го исполнуваш овој Закон, Бог се вселува во тебе.
Љубовта е одлука да го примиш Божјиот
Закон неразделно во твојот живот.
Бог е Закон, Светиот Дух е Закон, Божјите заповеди се нашата вечна Светлина.
* Љубовта е
послушност,
дисциплина,
беспрекорност. Љубовта е одлука да живееш според Божјите повелби.
Зборовите Божји се
свет,
вечен и
непроменлив
закон за нас
суѓето од сите времиња и места.
Бог одлучил како да се однесуваме кон
жената, децата, пријателите, како кон непријателите.
Ако тоа го запазиме во нашиот живот
ние ќе имаме
божествена и
совршена Љубов во себе.
Само со ваква
небесна Љубов ние ќе бидеме слични на
ангелите во идниот живот.
Пример: Бог заповедува,
да ги почитуваме
родителите, да простуваме, да бидеме
полни со Љубов.
Да бидеме верни на жената, да се
молиме, да читаме од
светите
книги, да помагаме, да утешуваме.
И во спротивно ако не се однесуваме
примерно и дисциплинирано во согласност со Божјите Заповеди.
А ги слушаме нашите чувства кои не носат
на различни страни и лажат дека слободата е најслатка.
* Бог е Дух. Прво и најважно во Љубовта е Силен
Духовен Живот
Голем дел од нашето време го
посветуваме во
молитва,
мир,
тишина.
посетување на
богослужбата во
светиот
храм.
Читање и проучување на
божјите
закони и сите
Негови зборови, со Молитвено размислување.
Сето ова некогаш е
тешко, некогаш е мистично, некогаш е
радосно, некогаш е болно
и досадно.
Ние сме создадени од Бог да живееме
онака како што Он го замисли нашиот живот.
И во добро и во лошо ние го учиме и го
исполнуваме
светиот
закон, сите
божји
заповеди.
Тоа е нашата Смисла и Цел.
Ако ја изгубиме смислата и целта на животот, тогаш ние и животот го
губиме.
Затоа се друго што е надвор и спротивно од
зборовите
Божји е ужасна илузија.
Ние секогаш бегаме од таа илузија и со
сите сили се доближуваме до Бог
Се доближуваме до негововото Слово,
Зборови, кои се најголемо и непроценливо богатство за нас.
* Дали
твоето слободно време поминува во
мир,
тишина,
молитвено размислување и
Тивка
Светлина ?
Дали напредуваш во
вистинското
знаење, во
љубовта кон Вистината
?
Дали се случува во тебе внатрешна
духовна војна, војна меѓу доброто и злото
?
Сакаш ли да навлезеш длабоко во тајните
на знаењето и духовниот живот ?
Ако го смениш тоа што е во твоето срце,
целиот
свет ќе го промениш.
Тоа што се случува најдлабоко во тебе,
тоа ќе се случи во твојот живот, насекаде околу тебе.
Во твојата околина, твоите очи ќе
Го видат она што е длабоко во тебе.
Ако имаш во себе Љубов ќе ја допреш
Љубовта. Ако во тебе е Бог, ќе се сретнеш со Бог.
Ако го повикуваш Бог, Он
Ссамиот ќе ти се јави, но Он ќе те
припреми, за средбата да биде совршена и чиста.
А таа припрема сега на сите нас ни се
случува. Во нас се случува силна и невидлива
борба.
* Животот е Борба за Знаење.
Тоа е внатрешно
и
вечно знаење. Знењето се стекнува после
многу тешки животни борби.
Не е можно да се стекне вистинско
знаење без силен
духовен живот. Животот е постојано и
секојдневно напредување.
Оние луѓе што имаат болки имаат
поголема предност. Ако си во тешка прилика, употреби ја за да учиш.
Животот е
Предизвик. колку е
потешко, толку имаш можност да бидеш посилен,
повеќе да напредуваш и да научиш.
Луѓето кои те измачуваат се дел од
патот кој мора да го одиш, со нив учиш да постигнеш силна контрола над
чувствата.
Ќе научиш,
дисциплина,
мир и
совршено однесување. Ништо не се случува одеднаш,
целиот живот е подвиг во оваа наука.
Малите подвизи се највредни, чисти капки Вода, капка по капка,
и ќе потече извор во нас.
Тоа е Вода на Знаењето и на Животот,
вода на совршенство, беспрекорност, дисциплина, послушност.
* Еден Ден ќе
Го допреш вистинскиот Бог со твоите
Прсти. Еден Ден само Ти и Бог,
едноставно ќе Го
допреш.
Иако патот до вистинското знаење е
тежок, сите други патишта се многу потешки, мачни и жалосни.
Ако останеш на
Божјите патишта, ќе го имаш најголемото знаење на
светот.
Местото каде што не е присутен Светиот
Бог е најстрашно, а патот кон Светлината е
прекрасен и
возбудлив.
Тој пат е
вистинска
авантура. Од
сите патишта на светот, одбери го тој што води во живот вечен.
Оние што го имаат Светото Име во себе
запишано и врежано длабоко во духот и срцето.
Тие веќе се во Рајската Градина, во
Царството Небесно. Тоа Царство е во нив и околу нив и над нив.
Рајот не е место каде што се ужива во
бескрајно задоволување на сите наши сетива.
Тоа е место каде што насекаде се
повикува Името на Светиот,
место на вечна Слава, Сила и Благодарност.
Најубавото место во целата
вселена, каде што
владее Вистината и Љубовта Царува.
* Ти си Љубов
ако во тебе е запишано името на Светиот Господ
** Адонаи ** Елшадаи ** Елохим ** Јахвех ** ИСУС ХРИСТОС.
Отец Вечен.
Љубовта е се, без Љубов не можеме да живееме. Бог е
се во нашиот живот, Бог е извор на секоја
Радост.
Секогаш кога
Го спомнуваш
Неговото Име, Он се вселува во тебе и
чудесно те
просветлува.
Секогаш кога го повикуваш, Он станува дел од тебе и ти дел од
Него и вие сте Едно.
Бог сведочи за нас: ВИЕ СТЕ БОГОВИ. Ние ќе се стопиме со
Бог, во Љубовта, и ќе станеме Едно со Него.
* Еден ден ќе знаеш како
вистински
да им помогнеш на луѓето.
Ќе ги
препознаеш оние, на кои им е потребна твојата помош
Кои ќе можат да прифатат вистинско
знаење од тебе, твоето искуство. Секој
човечки живот е Искуство.
Бог сака да бидеме силни и совршени, но за да бидеш силен ќе
минеш низ многу лекции.
И сето тоа учење сега ни се случува на
сите нас.
Понекогаш
чувствуваш
дека во тебе се случува нешто необично, дали го запишуваш она што
ти се случува ?
Јас ја запишувам секоја мисла со која
можам да го допрам
совршенството.
* Ти си ѕвездичка што ја прави ноќта
мистична
Постои време за
фантазија и за реалност, за илузија и за светлина.
Во секое време делувај совршено,
бидејќи ноќта е
фантастична и
совршена, Бог е
фантастичен и
совршен.
Зборовите ќе поминат, ќе остане само
Молитвата и Славата. Ангелите на Небото постојано пеат: Свет
Си Господи.
Тие зборови ќе останат секогаш, а сите
други ќе го изгубат значењето бидејќи се ќе ни биде јасно.
Дотогаш ќе се бориме меѓу реалноста и
фантазијата, ќе учиме да бидеме совршени во едното и во другото.
Бог ни ги открива и најголемите тајни
само ако посакаме да ги знаеме.
Но
Тој бара навистина повеќе време да посветиме за Него, во Молитва и Размислување.
А најмалку време на погрешен живот во немир и бучава, без да
размислуваме за плодовите на таквиот живот.
Често се прашуваме дали да ги слушаме
нашите чувства или разумот ?
Чувствата ги доживувам секогаш силно,
но не им верувам, се до часот кога ќе бидат вечни и силни да ги стопат коските.
Да се преобразам во
вечна
енергија и да бидам над
времето, над
силите на
светот, над
илузијата.
Илузијата е игра која го прави животот
интересен а Вистината е Огин што соединува во вечноста.
И на крај се ќе биде Едно, Се ќе се стопи. Само силата на Љубовта
може од
повеќе да направи Едно,
Секогаш да го бараш Неговото Лице.
Секогаш да размислуваш за Неговите Зборови.
Секогаш да прашуваш за Него. Секогаш да
разгораваш со Него во Молитва.
Секогаш да бидеш со оние кои
Нему му се верни. Секогаш да се
советуваш со
искусни луѓе во
Црквата.
Да имаш Љубов за Бог како што имаат
Светиите, Апостолите, Патријарсите, Ангелите, Дева Марија.
1. Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат
според законот Господов.
2. Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата
Негови и од си срце Го бараат.
3. Оние кои не вршат беззаконие, тие одат
по Неговите патишта.
4. Ти заповеда да се пазат Твоите заповеди.
5. О,
да се беа управиле моите патишта за да ги чувам Твоите заповеди!
6. Тогаш
немаше да се засрамам, гледајќи ги сите Твоие заповеди.
7. Ќе Те славам
Господи со чисто срце, кога ќе ги научам Твоите праведни судови.
8. Ќе ги
пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема.
9. Како младичот ќе го
запази во чистота патот свој? – Ако ги пази зборовите Твои.
10. Со сето
срце мое Те побарав, не отстранувај ме од Твоите заповеди.
11. Ги сокрив
во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе.
12.
Благословен си Ти, Господи! Научи ме на Твоите наредби.
13. Со устата
своја ги разгласив сите судови од устата Твоја.
14. По патот на Твоите
сведоштва се насладувам како во секое богатство.
15. Ќе размислам за
Твоите заповеди и ќе го разберам патот Твој.
16. Од наредбите Твои ќе се
поучувам, нема да ги заборавам Твоите зброви.
17. Покажи милост кон
Твојот слуга, и ќе живеам и ќе ги пазам Твоите зборови.
18. Отвори ги
очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон.
19. Придојден сум
на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди.
20. И копнее душата
моја во секое време да ги сака Твоите судови.
21. Им се закани на
горделивите; проклети да се оние, кои се отклонуваат од Твоите заповеди.
22. Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги засакав Твоите
сведоштва.
23. Кнезовите седат и ме клеветаат, а Твојот слуга размислува
за Твоите наредби.
24. Сведоштвата, пак, Твои се поука моја, а наредбите
Твои – советници.
25. Душата моја лежи во прав: оживи ме според зборот
Твој.
26. Патиштата мои ги кажав, и Ти ме чу; научи ме на Твоите наредби.
27. Вразуми ме да го разберам патот на Твоите наредби и јас ќе размислувам
за Твоите чудеса.
28. Душата моја засолзи од тага, зацврсти ме со
зборовите Твои.
29. Отстрани го од мене патот на неправдата и помилуј ме
со законот Твој.
30. Го избрав патот на вистината, и не ги заборавив
Твоите судови.
31. Се приврзав за сведоштвата Твои, Господи: не ме
посрамувај.
32. Ќе побрзам по патот на Твоите заповеди, кога ќе го
рашириш срцето мое.
33. Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и
ќе се придржувам за нив до крај.
34. Вразуми ме, и ќе се држам за законот
Твој и ќе го пазам со сето срце свое.
35. Постави ме на патеката на
Твоите заповеди, зашто многу ја засакав.
36. Приклони го срцето мое кон
Твоите сведоштва, а не кон лакомства.
37. Сврти ги очите мои за да не
гледам суета: оживи ме на Својот пат.
38. Во слугата Свој внеси збор Свој
за да се бои од Тебе.
39. Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам,
зашто Твоите судови се благи.
40. Ете, ги засакав Твоите заповеди: Оживи
ме според Својата правда.
41. И нека милоста Твоја, Господи, пријде на
мене, и спасение од Тебе според зборовите Твои, -
42. и јас ќе им
одговорам на оние што ме навредуваат, зашто се надевам на зборовите Твои.
43. Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се
надевам на Твоите судови.
44. И ќе го чувам Твојот закон засекогаш и во
веки веков.
45. Ќе одам слободно, зашто ги барам Твоите заповеди.
46.
И ќе зборувам за сведоштвата Твои пред царевите, и нема да се посрамам;
47. и ќе се поучувам на Твоите заповеди, кои многу ги засакав;
48. ќе ги
протегнам рацете свои кон Твоите заповеди, кои ги возљубив, и ќе размислувам
за Твоите наредби.
49. Внуши слово кон Твојот слуга, со кое си му дал
надеж.
50. Таа ме утешува во неволјата моја, оти Твоето слово ме оживува.
51. Горделивите го престапија законот многу, но јас не се остртранив од
Твоите закони.
52. Се сетив за Твоите вечни судови, Господи, и се
утешував.
53. Тага ме обзема од грешниците што го напуштаат Твојот закон.
54. Наредбите Твои ми беа песна кога патувам во некое место.
55. Ноќе го
споменувам името Твое, Господи, и го пазам законот Твој.
56. Он стана
мој, зашто ги пазам Твоите заповеди.
57. Дел мој си Ти, Господи, – си
реков – ќе го пазам законот Твој.
58. Му се помолив на лицето Твое од сè
срце: помилуј ме, според словото Твое.
59. Размислувам за Твоите патишта
и ги свртувам нозете мои кон Твоите сведоштва.
60. Се подготвив и не се
збунив да ги запазам Твоите заповеди.
61. Замки од грешници ме опкружија,
но јас не го заборавив Твојот закон.
62. На полноќ станував да те величам
поради Твоите праведни судови.
63. Јас сум меѓу оние, што се бојат од
Тебе и кои ги пазат Твоте наредби.
64. Со Твојата милост, Господи,
земјата е полна; научи ме на Твоите наредби.
65. Добрини си му направил,
Господи, на Твојот слуга според Твоето слово.
66. Научи ме на добро и на
разумно, зашто верувам на Твоите наредби.
67. Пред моето страдање јас
прегрешив; а сега го пазам Твојот збор.
68. Ти си добар, Господи, и
поради добрината Твоја научи ме на Твоите наредби.
69. Се зголеми
неправдата од гордите врз мене, но јас од сè срце ќе ги пазам Твоите
заповеди.
70. Се засири срцето мое како млеко; но јас се утешувам со
Твојот закон.
71. Добро ми е што ме смири, за да се научам на Твоите
наредби.
72. Законот на Твојата уста за мене е подобар отколку илјадници
злато и сребро.
73. Твоите раце ме создадоа и изградија: вразуми ме, и ќе
се научам на Твоите заповеди.
74. Оние, кои се бојат од Тебе, кога ќе ме
видат ќе се зарадуваат, затоа што се надевав на Твоите зборови.
75. Знам,
Господи, дека Твоите судиви се праведни, и според справедливоста Твоја Ти ме
казни.
76. Па нека ми биде милоста Твоја утеха, според Твоето слово кон
Твојот слуга.
77. Нека пријде на мене Твојата штедрост, и јас ќе живеам,
зашто законот Твој е утеха моја.
78. Нека се посрамат горделивите, зашто
неправедно и без вина ме обвинуваат.
79. Нека се обрнат кон мене, они што
се плашат од Тебе и кои ги знаат Твоите сведоштва.
80. Нека биде срцето
мое непорочно во Твоите наредби, та да не се посрамам.
81. Копнее душата
моја за Твоето спасение; јас се надевав на Твоите зборови.
82. Очите мои
попуштија од желба за Твоето слово велејќи: кога ќе ме утешиш?
83. Зашто
станав како мев на мраз, но Твоите наредби не ги заборавив.
84. Колку се
дните на Твојот слуга? Кога ќе извршиш суд над моите гонители?
85.
Законопрестапниците се подигруваат со мене спротивно на Твојот закон.
86.
Сите Твои заповеди се вистина. Неправедно ме гонат: помогни ми!
87. За
малку ќе ме убиеја на земјата, но јас не ги оставив Твоите заповеди.
88.
Споерд Твојата милост оживи ме, и јас ќе ги пазам сведоштвата од Твојата
уста.
89. Твоето слово, Господи, е засекогаш утврдено на небото;
90.
Твојата вистина е од род во род. Ти си ја поставил земјата, и таа стои.
91. Според Твоја волја постои денот. Сè што постои, Тебе ти служи.
92. Да
не беше Твојот закон утеха за мене, јас ќе загинев во неволјата своја.
93. Никогаш нема да ги заборавам Твоите наредби, зашто преку нив ме
оживуваш.
94. Твој сум јас, спаси ме, зашто ги барав Твоите наредби.
95. Грешниците настојуваа да ме убијат, но јас ги разбрав сведоштвата Твои.
96. Го видов крајот на секое совршенство, но Твоите заповеди се безгранични.
97. Колку го засакав, Господи, Твојот закон; секој ден се поучувам од него.
98. Со Својата заповед Ти ме направи помудар од непријателите мои, зашто таа
е секогаш со мене.
99. Станав поразумен од сите учители мои, зашто
сведоштвата Твои се моја поука.
100. Поумен станав од старците, зашто ги
сакам Твоите заповеди.
101. Ги задржувам нозете свои од секаков лош пат,
за да го пазам словото Твое.
102. Од твоите судови нема да се откажам,
зашто Ти ме учиш.
103. Колку се слатки за грлото мое зборовите Твои,
послатки се од мед во устата моја.
104. Преку твоите заповеди станав
разумен; затоа го замразив секој пат на неправда.
105. Твоето слово е
светилник на нозете мои и светлина за патеката моја.
106. Се заколнав и
реков да ги пазам Твоите праведни судови, и ќе ги исполнувам.
107. Многу
сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово.
108. Затоа,
благослови, Господи, да примиш доброволна жртва од мојата уста, и научи ме
на Твоите судови.
109. Душата ми е постјано во Твојата рака, но Твојот
закон не го заборавив.
110. Грешниците ми поставија замка, но јас не се
отстранив од Твоите заповеди.
111. Твоите сведоштва ги примив како вечно
наследство, зашто тие се голема радост за срцето мое.
112. Го натерав
срцето свое да ги извршува наредбите Твои како вечно оправдание.
113.
Престапниците на законот ги замразив, но Твојот закон го сакам.
114. Ти
си мој помошник и мој заштитник: на Твојата слава се надевам.
115.
Иставете се од мене беззаконици, за да ги испитам заповедите на мојот Бог.
116. Застапи се според Твоето слово, и јас ќе живеам; не посрамувај ме во
надежта моја;
117. помогни ми, и ќе се спасам: и во Твоите наредби
постојано ќе се учам.
118. Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите
наредби, зашто нивните мисли се неправедни.
119. Сите грешници земни ги
сметам како престапници, затоа засекогаш ги засакав Твоите сведоштва.
120. Од страв пред Тебе трепери телото мое, и од Твоите судови се плашам.
121. Јас вршев суд и правда; не предавај ме на оние што ми чинат неправда.
122. Прими го Твојот слуга за негово добро, та да не ме клеветат
горделивите.
123. Очите ми копнеат, очекујќи го спасението од Тебе, и
словото на Твојата правда.
124. Постапи со Твојот слуга според милоста
Своја и научи ме на Твоите наредби.
125. Слуга Твој сум јас: вразуми ме и
ќе ги познаам сведоштвата Твои.
126. Време е, Господи, да се дејствува:
Твојот закон го разурнаа.
127. Затоа ги засакав заповедите Твои и од
топаз и од злато повеќе.
128. Затоа се управував според сите Твои
заповеди и патот на неправдата го замразив.
129. Прекрасни се Твоите
сведоштва: затоа душата моја ги испитуваше.
130. Објавувањето на Твоите
зборови ги просветува и вразумува младите.
131. Ја отвори устата моја и
воздивнав, зашто жеден сум за Твоите заповеди.
132. Погледај кон мене и
помилуј ме, како што се постапува со оние, кои го сакаат Твоето име.
133.
Утврди ги стапките мои според Твоето слово и не допушти со мене да овладее
никакво беззаконие.
134. Избави ме од човечко клеветење и ќе ги пазам
Твоите заповеди,
135. озари го Твојот слуга со светлината на лицето Твое,
и научи ме на Твоите заповеди.
136. Од очите мои потоци извори солзи,
зашто не го запазив Твојот закон.
137. Праведен си Ти, Господи, и
праведни се Твоите пресуди.
138. Твоите сведоштва, што си ги дал, се
засновани на правда и вечна вистина.
139. Ревноста моја ме јаде, зашто
непријателите мои ги заборавија Твоите слова.
140. Твоето слово е многу
чисто, и Твојот слуга го сака.
141. Мал сум и презрен, но Твоите наредби
не ги заборавив.
142. Твојата правда е вечна правда, и Твојот закон е
вистина.
143. Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моја поука.
144. Правдата на Твоите сведоштва е вечна; вразуми ме, и ќе живеам.
145.
Те призивам со сето срце мое, услиши ме, Господи, – и ќе ги пазам наредбите
Твои.
146. Тебе Те повикувам: спаси ме, па ќе ги пазам Твоите слова.
147. Ја испреварувам зората и викам: на Твоето слово се надевам.
148.
Очите мои се отворија пред утринската стража, за да се поучам на Твоите
слова.
149. Чуј го мојот глас, според милоста Своја, Господи; според
Твојот суд оживи ме.
150. Се приближија оние, што сакаат беззаконие; од
законот Твој тие се оддалечија.
151. Близок си Ти, Господи, и сите Твои
заповеди се вистина.
152. Одамна знам за твоите сведоштва, кои си ги
утврдил засекогаш.
153. Погледај на мојата потиштеност и избави ме, зашто
не го заборавив Твојот закон.
154. Пресуди според мојата правда и заштити
ме; заради словото Твое оживи ме.
155. Далеку е спасението од грешниците,
зашто тие не ги побараа Твоите наредби.
156. Голема е Твојата милост,
Господи, според Твојот суд оживи ме.
157. Многумина ме гонеа и мачеа, но
од Твоите сведоштва јас не отстапив.
158. Видов неразумни и тешко ми
беше, зашто словата Твои не ги запазија.
159. Гледаш како ги засакав
заповедите Твои, оживи ме, Господи, поради Твојата милост.
160. Вистината
е основа на Твоите слова; и вечен е секој суд на Твојата праведност.
161.
Кнезовите ме гонеа без вина, но срцето мое се уплаши само од Твоите зборови.
162. Се радувам на Твоето слово, како оној кој нашол големо благо.
163.
Ја замразив неправдата и се гнасам од неа; а Твојот закон го засакав.
164. Седумпати на ден Те прославувам за судовите на Твојата правда.
165.
Голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна.
166. Го чекав спасението од Тебе, Господи, и Твоите заповеди ги засакав.
167. Душата моја ги пази Твоите сведоштва, и јас многу ги засакав.
168.
Ги пазам Твоите заповеди и Твоите сведоштва, зашто сите мои патишта се пред
Тебе, Господи.
169. Нека се приближи пред Тебе молбата моја, Господи;
вразуми ме според Твоите зборови.
170. Нека барањето мое дојде пред Тебе;
избави ме според Твоето слово.
171. Од устата моја нека се произнесе
похвала, кога ќе ме научиш на Твоите наредби.
172. Јазикот мој нека ги
разгласи Твоите зборови, зашто сите Твои заповеди се праведни.
173. Нека
ми биде Твојата рака на спасение, зашто Твоите заповеди ги избрав.
174.
Копнеев, Господи, за спасение од Тебе и Твојот закон е мојата поука.
175.
Ќе живее душата моја и ќе Те слави; и Твоите судови нека ми помогнат.
176. Се заблудив како загубена овца: побарај го Твојот слуга, зашто не ги
заборавив Твоите заповеди.
† Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesen