|
тел.: 02 3239218 ПЗО МАСТЕСА МЕДИКА тел.: 02 3229498 ДОНАТОРИ И ДАРИТЕЛИ ВО 2006 година Со прифаќање на целите и задачите на овој натпревар за прекин на пушењето, како и превземање на обврските да учествувате во реализацијата, Вие придонесувате во унапредување на здравјето и превенција на хроничните болести кај населението во Република Македонија. Со задоволство и благодарност, организаторот на натпреварот ги објавува ДОНАТОРИТЕ на мас–медиумската кампања под наслов „Прекини и победи“–„Quit & Win“ во 2006 година. |
||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Намерата е да се помогне на земјите–членки на оваа коалиција во превземање ефективни активности за прекин на пушењето, принципиелно во контекс на Конвенцијата за контрола на тутунот на Светската здравствена организација–СЗО (WHO The Framework Convention on Tobacco Control – FCTC). Ова вклучува обезбедување на информации, консензус на политички мерки, помош во изнаоѓање ресорси, техничка помош, едукативни курсеви/семинари, можности за поврзување со други организации и координирани интарнационални кампањи, воедно обезбедувајќи практични препораки за контрола на тутунот на СЗО наменети за професионалните здравствени организации, препораки за третман и практична примена. Невладините организации, вклучувајќи ја и оваа интернационална
коалиција настапија на првата конференција за FCTC во Женева, од 6–17
фебруари, 2006 година.
Главната цел е да се помогне на земјите–членки во изготвување и имплементација на ефективни програми за контрола на тутунот и тие да се инкорпорираат во нивните стратегии и оперативни планови. Развиениот концепт за глобално партнерство за контрола на пушењето ги обединува интернационалните невладини организации, меѓувладините агенции, донаторските агенции и организациите во приватниот сектор кои имаат желба да работат заедно, зголемувајќи ја ефективноста. Многу политички мерки за контрола на пушењето имаат потреба од интернационална координирана акција како што е кампањата „Прекини и победи“ (Quit&Win), во рамки на Конвенцијата за контрола на тутунот (WHO, FCTC) која бара масивна мобилизација на невладините организации, покрај превземање активности од страна на владиниот сектор. Често пати, националните коалиции составени од невладините организации, на ниво на секоја држава се водечки во спроведување на ефективна контрола над користењето на производи на тутун. Тие се главни носители на едукативните програми и третман за оние кои имаат желба да прекинат да пушат или водечки во истражувањата за употреба на тутунот. Исто така, тие играат главна улога во ратификација и имплементација на Конвенцијата за контрола на тутунот (WHO, FCTC). Тие формираат и служби за едукација и третман, промовирање на здрава околина и чист воздух без пушење цигари, како и стимулираат дебати од областа на науката и етиката во контрола на тутунот.
Многу невладини организации, членки на INGCAT и други реномирани организации публикуваат кратки препораки и истражувања, како и веб–страници со различни аспекти на контрола на користење на производи од тутун, вклучувајќи теми од здравството. ЛИНКОВИ
|
|||||||||||||||||||
![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
NoSmoking.cjb.net © 2006. All Rights Reserved |