Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Иван (Јонко) Вапцаров

Роден е во Банско, во 1880 година. Завршува 6-ти клас во Банско и во 1896 година се вклучува во ВМОРО. Избран е за секретар на Банскиот револуционерен комитет. Учествува и во аферата Мис Стон. Во 1902 година станува војвода на чета во родниот крај.

По Илинденското востание во 1903 година е уапсен и затворен во Солун. По Младотурската револуција во 1908 година е ослободен.

За време на Балканската војна е војвода на чета на Македонско-одринскиот корпус. Четата на И.Вапцаров, Х.Чернопеев, П.Јаворов и Л.Колчагов ги ослободува Банско, Мехомија и Кавала. По ослободувањето на родниот крај станува околиски началник на Разлошката околија.

После Првата светска војна учествува во возобновувањето на ВМРО. После расцепот на организацијата во 1928 година бил на страната на десницата, но по убиството на А.Протогеров не застанува цврсто на страната на Ив. Михајлов и пролетта 1929 година имало обид за негова ликвидација, по што се преселува во Њујорк. Во Бугарија се враќа 1930 година, а во 1933 година е киднапиран од михајловистичка чета, но бил ослободен по 19-то мајскиот државен удар во 1934 година.

Татко е на поетот Никола Вапцаров.

Умира на 17 јануари 1939 година во Софија, Бугарија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik