Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Иван (Јон) Димов - Пашата

Роден е во 1878 година во с. Тројкрсти, Прилепско. На 19-годишна возраст отишол на печалба во Романија. На 22-годишна возраст се вклучил во редовите на ВМОРО. Во 1902 година станал четник во четата на Ѓорѓи Сугарев.

За време на Илинденското востание во здружената чета на К.Гермов, Д.С.Могилчето и И.Кафеџијата. Во септември 1903 година е на чело на самостојна чета, која дејствувала во Преспанско а подоцна во Кичевско и Битолско. Во 1904 година бил назначен за реонски војвода во Битолско. Заедно со Могилчето, Т.Кралот и Пашата извршиле повеќе атентати врз озлогласени турски насилници. Еден од тие бил и убиството на по зло познатиот турски насилник Шефки-Ага, извршен на 1 јули 1905 година кај с. Могила, Битолско.

Во една борба со турскиот аскер Ј. Пашата бил ранет. Другарите го извлекле и го однеле во Битола на лекување. Меѓутоа, не успеал да оздрави и починал на 20 септември 1907 година. Погребан бил во Битола, во црквата Св. Недела, до самиот олтар.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik