Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Андон Лазов, Јанев - Ќосето

Роден е роден на 25 декемри во 1854 година во с. Голозинци, Велешко. По обидот за убиство на видниот турчин Али Чауш во Велес, бега во Солун, каде се приклучува во ВМОРО. Својата нелегалност ја прикрива како пајтонџија на Х. Татарчев. По убиството на виден Турчин, властите го носат во Солун неговиот постар брат Никола, кој се ставил во нивна услуга. Самиот Ќосето предложил да биде убиен, што и се случило. Учествувал и во убиството на српскиот ренегат во Солун Пејчиновиќ.

Во мај 1897 година по наредба на Д. Груев, заедно со Ицо Џорлев и гевгелиските раководители, Андон учествува во убиството на доушникот на турската власт и водач на гркоманската партија во Гевгелија Христо Цицов. Убиството било извршено пред очите на кајмакамот во Гевгелија, по што е направена голема потера.

По бегството, Андон се приклучува во четата на И. Крчовалијата и М. А. Попето во Кукушко. Со неколку соработници, фаќаат еден чорбаџиски син за кој добиле 1000 лири откуп. Поради несогласувања со четата заминува за Бугарија, каде бил уапсен од бугарските власти. Г. Делчев и А. Бузуков издејствувале негово ослободување. Учествувал и во Аферата мис. Стон.

За време на Илинденското востание предводи чета заедно со Ѓ. Петров и Л. Иванов во Прилепско. Потоа оди во Велешко каде водат борба со 500 души турски аскер. Ноќта, со својата чета успеал да се пробие и во средината на декември 1903 година. стигнува во Ќустендил.

По Востанието учествува во работата на Серската група, а во 1905 година се повлекува.

Во Балканските војни учествува во четата на Х. Чернопеев. По војните живеел и работел како службеник во Горна Џумаја.

Умира на 10 септември 1953 година во Горна Џумаја (Благоевград).

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik