Роден е во селото Ерџелија, Светиниколско на 20 јуни 1867 година. Учи шест години во бугарското егзархиско училиште во Штип, а потоа занает. Околу 1888 година бил убиен неговиот татко и Дончо, познат како Дончо Штипјанчето, почнал да се занимава со кираџиство, односно да пренесува разни стоки.
По доаѓањето на Гоце Делчев во Штип тој станува негов прв курир. Негова задача била да пренесува оружје и бомби за комитетите.
На 3 април 1896 година требало да пренесе бомби, сокриени во вреќите со ориз и некои писма за Прилеп и едно шифрирано и без печат и датум до Аврам во Битола. Наредбата била, во случај на опасност писмото да го уништи и да избега без товарот. Пред самиот влез во Битола, колџиите го откриваат и затвораат на 19 април. Бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Бил осуден на 101 година тешка робија, за подоцна да биде амнестиран.
Околу 1913 година со своето семејство се преселува во Ќустендил, Бугарија.
По смртта на Даме Груев се приклучува кон Христо Матов и Тодор Александров, се до 1922 година кога му се влошило здравјето.
Умира на 15 април 1931 година во Ќустендил. |