Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Атанас Иванов

Роден е во Прилеп во 1874 година. Неговата мајка била главен организатор на ВМОРО во Прилепско за собирање храна и оружје. Повеќе години бил учител во прилепските села Небрегово,Бучин, Дуње и Варош, а потоа во Прилеп и Ресен. Многу рано се вклучил во редовите на Организацијата и станал член и секретар на Првиот револуционерен комитет во Прилеп.

Иванов бил организатор на повеќе терористички групи. Бил затворан неколку пати. Во 1902 година се приклучил во четата на П.Ацев, а во 1903 година во четата на Христо Оклев-Попето, каде бил секретар. Тој зел активно учество и во Илинденското востание.

Во 1904 година, заедно со неговиот брат Кочо се префрлил во Бугарија. Таму станал член на Прилепското братство во Софија.

Во 1912 година учествувал во Балканската војна како фелдшер (помошник лекар). По војната се повлекол и се до смртта во 1956 година работел како ситен трговец во Софија

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik