|
Роден во с. Косинец, Костурско, во 1883 година. Учествувал
во револуционерните борби уште пред Илинденското востание. Еден
месец пред Востанието бил потешко ранет во една борба со турскиот
аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот
на самото Востание.
По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе
борби против турскиот аскер и грчките андарти. Во една од тие
борби, во 1907 година, кај с.Грче, Костурско, загинува и војводата
А.Кршаков. |