Роден е во 1865 година во с. Тешово, Неврокопско. Учествува во Кресненско-Разлошкото востание (1878-1879). Во 1897 година станува комита во Пирин во четите на војводите на Дончо Златков и Кочо Муструк. Во летото 1899 во село Горно Броди се среќава со Гоце Делчев. Во 1901 година бил назначен за војвода на Неврокопскиот реон. За време на Илинденското востание е активен во борбата против турскиот аскер. Тој е еден од најверните соборци на Јане Сандански.
По Илинденското востание останал во родниот крај и ја продолжил борбата против турските разбојнички банди, грчките андартски чети и разните народни предавници.
На 25 мај 1905 година, при една обиколка на својот реон, кај врвот Али-Ботуш (Пирин Планина), биле опколени од турска потера и во огорчена борба која траела цел ден загинал војводата заедно со повеќе свои четници. |