Роден е во Прилеп на 31 јануари 1872 година. Ја завршил Солунската егзархиска гимназија, каде што се спријателува со Д.Груев, П.Тошев и Ѓ.Петров. Тој е еден од првите членови на ВМОРО, како агитатор и организатор, а покасно и четник и војвода.
Атанас Мурџев станува соработник на Гоце Делчев, а покасно преминува на страната на врховистите.
Со своја чета учествувал во Илинденското востание во кратовско, каде во борбите над Луково даваат 8 жртви, меѓу кои војводите Г.Манасиев, И.Топчев и Н.Дечев.
После тоа се повлекува во Бугарија каде станува војвода на нова чета од 400-500 души. Четата води борби со турскиот аскер кај Крива Паланка.
Во мај 1913 година е избран за член на Револуционерниот штаб на Тиквешкото востание.
По Балканските војни се повлекол во Бугарија каде останал и да живее.
Починал во Тетевен, Бугарија на 21 април 1944 година. |