Роден е с.Орашец, Кумановско во 1889 година. По влегувањето во редовите на ВМОРО станува четник во североисточниот дел на Македонија.
Учествува како доброволец во Првата балканска војна во 1912 година.
По Првата светска војна зема учество во возобновувањето на ВМОРО и води борба против српската власт во Вардарска Македонија. Од 1920 година е војвода во Кратовско.
На 4 август 1924 година четата на Ц.Спасов е опколена од многубројна српска војска на врвот Борса кај с.Тополовиќ, Кратовско. Во 15-часовната борба Ц.Спасов е тешко ранет и се самоубива. |