Родена е во Прилеп во 1875 година. Учи во Софија, каде што завршува Женска гимназија. По завршувањето се враќа во Прилеп и започнува да работи како учител. Во 1898 година е управник на предшколските класови, во состав на Централното училиште.
Од 1900 до 1902 година е е директорка на различни женски училишта во Прилеп. Властите ја откриваат нејзината коресподенција со ВМОРО, ја апсат и ја затвораат во затворот во Прилеп, каде што починува од влошеното здравје во 1906 година. |