Роден е во с. Присовјани, Струшко, во 1884 година. До 25 март 1903 година е четник кај Н.Русински, заедно со браќата Тасе и Дојчин Христов.
За време на Илинденското востание е помошник-војвода во четата на Т.Христов а и војвода на чета од с.Ржаново, Струшко. Четите раководени од Т.Христов го напаѓаат аскерот во с.Елевци и водат дводневна борба. Ц.Христов е ранет но успева да се извлече. По неуспехот на востанието четите се демобилизираат а оружјето се собира и крие, а браќата Христови бегаат во Бугарија по разработен канал од кичевскиот војвода В.Србаков.
Во Македонија се враќа со чета во 1905 година. На пат за Охридско четата води борба во Прилепско, каде загинуваат шесрт четници а Ц.Христов е ранет.
Умира на 9 септември 1914 година во Софија. |