|
Роден е во јуни 1880 година во с.Бугариево, Солунско. Се школува и завршува во Солунската машка гимназија и станува учител во с. Конско, Гевелиско, а подоцна во Морарци (денес Антигона), Кукушко.
За време на Солунската афера 1901 година е уапсен од турските власти. Во 1903 година е четник кај К. Асенов, а кон крајот на годината предводи чета во Струмичко а следната во Малешевско.
На 26 јули 1904 година во с. Митрашинци, Малешевско, загинува во борба со турската војска. |