Роден е на 15 август 1872 год. во Караагач, Бесарабија. Завршил право на Московскиот универзитет во 1894 година. По враќањето во Русе, Бугарија, работи како судија и заменик-обвинител во Варна. Во учебната 1900-1901 год. е директор на егзархиската гимназија во Битола и учествува во раководството на Битолскиот револуционерен округ на ВМОРО.
Од септември 1901 до крајот на 1902 год. заедно со Т.Делииванов е член на Задграничното претставништво на ВМОРО во Софија и води енергична борба против приврзаниците на ген.Ив.Цончев.
Во мај 1903 год., со четата на Ј.Сандански влегува во Македонија. Во летото 1903 година е делегат на конгресот на Серскиот револуционерен округ и е избран за претседател на конгресот . На 18 септември учествува во борбите кај Белица, потоа во Бачево.
На Рилскиот конгрес од 1905 год. одново е избран за член на Задграничното претставништво на ВМОРО во Софија заедно со Ѓ.Петров и П.Попарсов.
Во Балканските војни бил командант на чета.
Од 22 октомври 1918 година, до 30 јануари 1920 година е градоначалник на Бургас. Бил и пратеник на Демократската артија во во Бугарското собрание.
Умира на 12 ноември 1940 година во Бургас. |